НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Парализаторот што ќе го употребува МВР може да предизвика смрт

0
By Светлана Јовановска on December 25, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Парализиратор е името на новото оружје што македонската полиција се подготвува да го набави. Според новите измени на Законот за полицијата полицајците ќе можат да го користат овој електричен парализатор за моментно справување, привремено онеспособување и доведување до послушност на агресивни лица и тоа за време на нарушување на јавниот ред и мир и онеспособување на толпа.

Но, во речиси многу полиции во светот каде што ова оружје се користи, постои и ограничување на користењето на парализаторот токму за време на протести, освен во ретки случаи кои треба да бидат строго и стриктно дефинирани, вели на пример Националната комисија за деонтологија на Франција која го воведе ова оружје во нејзината полиција.

Во 2007 година фирмата Тајзер, која го произведува ова оружје кое и го носи името на фирмата, вели дека екипирала околу 10.000 комесаријати на полиции во 65 земји како и 33 авио компании. Но, парализаторот е забранет во многу земји како Италија, Белгија, Холандија, Данска, Норвешка, Србија, Хонг Конг, Јапонија, Малезија, Нов Зеланд или Пакистан.

Интересен е податокот дека пет полициски департмани во Тексас, американската држава позната по употреба на оружје, го забранила ова оружје. Тексашката полиција не објаснила зошто дошло до оваа забрана но, според зборовите на еден адвокат за сајтот Тексас блогер, забраната е донесена за заштита на полицијата од тужби и судски процеси.

Парализаторот постои веќе одамна и се употребува во многу земји. Тоа е еден вид електричен пиштол кој прави електричен удар од повеќе десетици илјади волти и го оневозможува лицето кон кое е испратен ударот од движење во текот на многу кус временски период. Овој удар го блокира нервниот систем.

Парализаторот е измислен уште во 1972 година како оружје кое може да употребува во авион за да се имобилизира лице кое го нарушува мирот во авионот. Официјално, ова оружје не е смртоносно и само го блокира нервниот систем без понатамошни последици овозможувајќи и на полицијата да го уапси лицето.

И покрај контролите на употребата на Тајзерот организациите за човекови права како и научните студии предупредуваат дека ова оружје во многу случаи предизвикало смрт.

Според еден извештај на Амнести Интернешнел, од 2001 до 2012 во САД се забележани 500 лица кои загинале од употребата на парализаторот од страна на полицијата. Според експертите со кои се консултирала оваа организација, 50 од овие смртни случаи се директна или влошувачка причина за смртта. Амнести бара од полицијата во САД да ја намали на минимум употребата на Тајзерот.

Комитетот за превенција на тортурата на Советот на Европа вели дека ова оружје «може да предизвика силна болка» и дека ја «отвора портата кон злоупотреби». Тајзерот може да биде опасен и да доведе до нехуман и деградирачки третман кој ја нарушува Конвенцијата за човекови права.

Производителот на ова оружје тврди дека тоа е добра алтернатива на огненото оружје а освен тоа овој парализатор е ефтин и чини околу 1.500 за парче. Но, во многу земји каде парализаторот се користи од страна на полицијата постојат и остри дебати и студии за да се утврди точното ниво на опасноста од неговата употреба и како да се спречат злоупотребите.

Организациите за човекови права во Франција тврдат дека не постои ниту една независна студија па според тоа тешко е да се утврди дали парализаторот е единствената причина за смрт.

Но веќе е познато дека парализаторот може да убие човек доколку тој е под дејство на дрога и доколку има срцева патологија. «Оттука, прашањето е дали полицаецот ќе побара здравствена потврда од лице пред да го употреби парализаторот», вели за весникот «Монд» Арно Гајар од РАИД-Х, организација за заштита на човековите права во Франција.

Во 2007 година во Канада еден Полјак умрел откако врз него бил употребен Тајзер. Сцената била снимена од страна на видео аматер и можете да ја погледнете на почетокот на овој текст. Потоа Канада спровела официјална истрага чиј што заклучок вели дека парализаторот придонел за смртта на човекот. Производителот на парализаторот ова го демантира но снимката предизвика многу реакции во светот.

Неодамна американската Асоцијација за срцеви болести објави извештај во кој се презентирани првите научни сознанија за употребата на парализаторот. Тој вели дека ова оружје може да предизвика запирање на срцето и смрт. Студијата анализирала повеќе информации помеѓу кои и извештаи од аутопсии, медицински извештаи и податоци од полицијата во осум случаи во кои лицата загубиле свест откако добиле електрично празнење од парализаторот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.