НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фемен покажа голи гради во Ватикан по “Урби ет Орби” на Папата

0
By Нова ТВ on December 25, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешното второ обраќање «Урби ет Орби» на Папата Франциск, кој неодамна наполни 78 години, дојде до инцидент со една млада жена од групата Фемен.

Во својата божиќна порака до 100.000 верници собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан, тој испрати силна порака за «бруталната репресија» на џихадистите во Ирак, Сирија и на други места на светот како Нигерија и Пакистан а Папата исто така зборуваше да експлоатираните деца кои се жртви, опкружени со «голема индиферентност».

Во текот на полноќната миса за Божиќ Франциск побара од католиците «со нежност» да реагираат на конфликтите. «На светот му е потребна нежност!», извика аргентинскиот водач на католичката црква.

По ова, една милитантка на групата Фемен денес на плоштадот Свети Петар во Ватикан ги покажа своите голи гради на кои пишуваше «Господ е жена» на англиски и ја зеде во раце статуетката на детето Исус, јавува агенцијата АФП.

Во толпата на плоштадот во Ватикан, веднаш по божиќното традиционално обраќање на Папата Франциск «Урби ет Орби», една млада плава жена одеднаш ја соблече својата маица, скокна преку безбедносната ограда и отрча до божиќната сцена од каде што ја зеде статуетката на Исус.

Потоа еден од припадниците на ватиканското обезбедување ја фати, ја зеде статуетката во сцена која, според очевидците, била траги-комично театрална. Потоа девојата се облекла и била однесена вон од плоштадот.

Ова не е прв пат групата Фемен да прави вакви инциденти на плоштадот Свети Петар.
Групата е родена во Украина кога со голи гради му се спротивстави на режимот близок до Кремлин, на претседателот Путин и на православната црква. Потоа ваквите инциденти почнаа да се шират и во Европа против католичката црква која според нив е ретроградна за правата на жените.

Во Стразбург пред два и пол месеци една членка на Фемен застана на олтарот на катедралата со голи гради за да протестира против политичкиот карактер на посетата на Папата на европските институции.

Фемен најчесто протестира против црквата која е противник на абортусот и на слободната заедница. Протестите се случуваат во места кои се симболични во очите на верниците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.