Денеска во просториите на Владата на Република Македонија се организира отворен ден за граѓаните кои ќе можат да видат како изгледа работата на владата и да поразговараат со премиерот и министрите.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев за НОВА ги негира шпекулациите кои се подгреваат на социјалните мрежи дека организирањето на овој настан е во корелација со најавениот студентски протест.
-Тоа нема никаква врска. Ние отворениот ден го најавивме пред три недели кога ги повикавме граѓаните да се пријават за овој настан. Постојат процедури во кои што граѓаните кои сакаат да ја посетат владата треба да се јават на специјалните броеви и да остават лични податоци, вели Ѓорѓиев за НОВА.
Зградата на владата за граѓаните ќе биде отворена од десет часот наутро до пет часот попладне, додека новинарските екипи ќе можат да снимаат од 12 до 2 часот. Студентскиот пленум, пак, протесот го најави во два часот пред зградата на владата.