ОБСЕ дава поддршка на сите напори за надминување на состојбите и воспоставување на дијалогот, истакна генералниот секратар на ОБСЕ Ламберто Заниер на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Средбата се одржа вечерва во Виена, во пресрет на отворањето на 5. Глобален форум на Алијансата на цивилизации на ОН.
ОБСЕ е подготвена и ќе продолжи да помага во рамките на своите можности и мандат, истакна Заниер.
ОБСЕ внимателно ги следат политичките состојби во Република Македонија, преку нивната мисија, како и за нивниот ангажман поврзан со локалните избори.
Шефот на македонската држава се заблагодари за ангажманот на Заниер и ОБСЕ за помошта и поддршката и го запозна со состојбите и случувањата по нивната последна средба, за неговите оценки и видувања за состојбите, како и за очекувањата и можните сценарија за наредниот период.
Претходно, македонскиот претседател се сретна со домаќинот на форумот, неговиот австриски колега Хајнц Фишер, кој ја реафирмира австриската поддршка за интеграциите на Македонија во ЕУ.
Во контекст на актуелната политичка состојба во Македонија Фишер изрази надеж дека политичките лидери преку компромис ќе изнајдат излез од состојбата и оти сите фактори ќе се фокусираат на европската агенда.
Македонскиот претседател утре ќе се обрати на официјалното отворање на форумот на пленарната сесија посветена на одговорното лидерство во различностите и дијалогот.
На маргините на форумот, Иванов ќе има средба и со премиерот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и со високиот претставник на ОН за Алијансата на цивилизации Назир Адбиулазис Ал-Насер.