НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земјоделците од струмичко–радовишкиот регион утре го блокираат магистралниот пат

0
By Томе Христов on December 26, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како поддршка на тутунопроизводителите кои се незадоволни од проценката на тутунот од годинашното производство, земјоделците од струмичко – радовишкиот регион најавија блокада на магистралниот пат Струмица – Радовиш.

„Од името на тутунарите од струмичко-радовишкиот регион, Сојузот на синдикат на земјоделски производители, ги повикуваме сите земјоделци, лозари, градинари, сточари и овоштари, на 27 декември, да излеземе на мирен протест и заедно да ги поддржиме во нивните барања. Протестот ќе се одржи во времетраење од еден час, во периодот од 12,00 до 13,00 часот, и тоа за струмичкиот регион, со блокада на магистралниот пат Струмица – Радовиш, кај „Слобода“ и за радовишкиот крај, со блокада на магистралниот пат Радовиш – Штип, кај клучката кон село Ињево. Воедно ги повикуваме сите, да излезат и да се придружат на протестот, за нашите барања,“ рече Ристо Велков, од Василево, претседател на Сојузот на синдикати на земјоделски производители.

Утрешниот протест на земјоделците нема да го поддржат членовите на Сојузот за тутунски здруженија, заради како што велат можната политичка позадина која ќе го нарушела процесот на откуп.

„Да ги потсетиме тутунарите кога штрајкуваа во 2010 година, откупувачите кои фигурираат на нашиот терен ги повлекоа вагите, што значи дека со штрајк само си нанесуваме штета. И затоа ние сме против ваквите штрајкови. Сојузот на тутунари ги известува сите земјоделци, да не излегуваат на штрајк и да останат дома да си го работат тутунот“, рече Трајче Митров, од здружението на тутунари „Басмак“ од општина Василево.

Инаку веќе неколку денови на откупните пунктови во струмичко – радовишкиот регион, тутунарите реагираа на нереалната проценка и големите одбитоци за влага и песок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.