Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четворица ученици бараат да се воведат строги исламски правила во средно училиште во Германија

0
By Marija Todorovska on January 16, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 16, 2024 14:49

Четворица муслимански ученици побарале да се воведат строги исламски правила во нивното средно училиште „Нордштат“ во Нојс, град во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Како што пренесе ДВ, 17-годишник, двајца 18-годишници и еден 19-годишен ученик барале часовите да бидат строго поделени по пол, мажи да им држат часови по пливање на момчиња, а жени на девојчињата и дека девојките мора да носат шамии.

Тие бараа дури и групите за разговор што постојат за комуникација во класот да бидат поделени по пол, а на муслиманите да им се обезбеди просторија во училиштето каде што ќе можат да се молат и да им биде дозволено да го напуштат училиштето порано во петок за да можат да одат до џамија.

Медиумите јавуваат дека четворицата на час експлицитно изјавиле дека ја отфрлаат демократијата. Тие јавно поддржале каменување и другите кршења на човековите права. Исто така, пишуваат медиумите, вршеле притисок и врз други муслимани кои според нив, биле „лоши муслимани“.

Сето тоа е содржано во полицискиот извештај во кој имале увид од германскиот јавен сервис WDR. Управата на училиштето за случајот ја известила полицијата минатиот декември, а за тоа биле информирани и Државната безбедност, јавното обвинителство во Дизелдорф, како и Покраинската канцеларија на криминалистичката полиција (ЛКА).

Наводно, лани имало повеќе инциденти, во март и декември. За тројца од четворицата ученици се вели дека веќе се пријавени за слични проблеми. Јавното обвинителство се уште истражува што се случило во декември, се сомневаат дека се работи за закани и принуда.

Како што се наведува во полицискиот извештај, биле проверени и родителите на четворицата обвинети ученици.

Германија средно училиште ученици Шеријат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

ВЕСТИ August 15, 2026

Големиот пожар што синоќа во текот на вечерта избувна во Локва Рогозница, во текот на…

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.