Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опасен отпад се истурал на приватна депонија во Ѓорче Петров

0
By Marija Todorovska on January 18, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 18, 2024 12:36

Инспекторите за животна средина на Град Скопје по неколкудневно следење завчера, во соработка со полиција од ПС Ѓорче Петров,  спречиле екоцид на парцела во општина Ѓорче Петров, откривајќи приватна дива депонија во која се оставал опасен отпад. Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на прес-конференција рече дека сторителите пред 20 сведоци биле затекнати во извршување на кривичното дело на локацијата на која дневно од 50 до 100 камиони истурале токсичен отпад и праша дали најголем клиент била Општината Ѓорче Петров.

-Се работи за еколошка катастрофа од прв степен која во Општина Ѓорче Петров се случувала на парцела од 4000 квадратни метри приватен имот и околу 5000 метри квадратни имот на Република Македонија, во непосредна близина на реката Лепенец, на локација оддалечена од само 100-ина метри од новата пречистителна станица која ја гради Општина Ѓорче Петров, а е финансирана од Европската Унија… Завчера, на 16 јануари, во тек на вршење на екоцидот  ги фативме на лице место. Спречени се во вршење на нелегалните активности, извршен е увид на парцелата, прибрани се докази за сторениот екоцид, фотографирана е состојбата. Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а на самото место беа излезени и полициски службеници, изјави Арсовска.

Соопшти дека приватната дива депонија е во сопственост на компанија која е под истрага за други дела, и на лице вработено во Општина Ѓорче Петров во Секторот за финансии кое, како што рече, „на социјалните мрежи често може да се забележи во друштво со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски“.

-Од прибраните докази е констатирано дека приватната дива депонија се користела како бизнис од наведените лица кои не само што предизвикале екокатастрофа, со истурање отпад во заштитената зона на реката Лепенец, туку се осомничени и за сторен финансиски криминал. Она што е можеби најтрагично во целата ситуација е прашањето дали најголем клиент на овие лица, физички и првани, кои вршеле екоцид, е токму Општината Ѓорче Петров. Во тетратките во кои се водела нелегална книговодствена евиденција може јасно да се констатира дека покрај градежните фирми и приватни лица, од кои се наплаќало од 1.000 до 1.200 денари, најчест клиент кој депонирал опасен отпад е нотирана токму Општината. Од истата нелегална евиденција од оваа локација може да се види дека меѓу 50 и 100 тешки товарни возила/камиони на ден истурале токсичен и канцероген отпад… од документацијата затекната на лице место се гледа и дека две години ова траело на таа парцела, информираше Арсовска и додаде дека Општина Ѓорче Петров нема склучено договор со единствената регистрирана санитарна депонија – ЈП Дрисла за оставање комунален општински отпад.

Нагласи дека случајот  е „криминален и скандалозен“ и апелираше процесирањето да биде што е можно побрзо.

-Град Скопје поднесе и кривична пријава до МВР против лицата кои правеле бизнис со кој го загрозуваат здравјето на граѓаните, а ќе поднесеме и посебна кривична пријава против градоначалникот на Општина Ѓорче Петров. Најмалку што може е да понесе морална одговорност во овој момент, а потоа и одговорност од функцијата градоначалник…. Град Скопје, ниту јас како негов градоначалник, нема да дозволиме кој било свесно и за профит да ги труе скопјани, рече Арсовска.

Појасни дека од земените примероци, според увидот на инспекторите, отпадот е многу опасен зашто имало големи количини салонитни елементи, како и голем  дел гуми, и тоа се фрлало истовремено во Лепенец и „во масивни волумени“ се закопувало покрај реката. Исто така, имало и металоструготини што  е, рече, „сериозно канцерогено и опасно“.

-Подигнат е материјал и извештаите од сите позиции на коишто беше детектирано дека има  потенцијална опасност, како и од водите, ќе ги имаме во наредните неколку дена. Меѓутоа и од увидот на лице место беше евидентно дека тоа е сериозно загрозувачки по животот и здравјето на граѓаните и животната средина, истакна градоначалничката на Скопје.

Дива депонија Ѓорче Петров ЈП Дрисла
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.