Снешкото на Јанкуловска
Вистинска драма се случувала ноќеска на Илинденска бб откако министерката Јанкулоска се пофали дека прва направила Снешко Белич, дознава НОВА. Премиерот Никола Груевски бил принуден да свика уште еден кризен штаб откако директорот на УБК се пожалил дека тој прв направил Снешко.
– Јас бев на службен пат надвор од земјата, но поради прекини во мрежата на Т Мобиле не успеав да ја испратам сликата од мојот Снешко на време. Еве погледнете ја, можете слободно да ги споредите метаподатоците од мојот и нејзиниот снешко и да видиме кој бил, а кој не бил на висина на задачата.
Дефинитивно уникатна и разиграна варијанта на Снешко Беличот на Сашо Мијалков. Костимографија Орце Камчев
Вистински херој на ноќта бил министерот Никола Тодоров кој веднаш дошол на идеја да се формира дисциплинска комисија која ќе ги утврди штетите од оваа постапка, по што Јанкулоска била задолжена да направи уште еден снешко во дворот на Мијалков.
Снешкото кој Јанкулоска го изработи за Мијалков по налог на комисијата на Тодоров
НОВА дојде до сите фотографии од Снешко Беличите на македонските политичари на кои цела ноќ неуморно работеше кризниот штаб.
Снешкото на претседателот Ѓорѓе Иванов е правен во дневната соба бијдеќи Маја го заклучила да не настине
Семејна варијанта на Снешко во дворот на семејството на пратеникот Влатко Ѓорчев.
Снешко – автопортрет на Никола Груевски, изработка на Валентина Стевановска
Снешкото на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на екслузивна парцела од евро по квадрат
Снешкото на Зоран Заев
Снешкото на Никола Тодоров избегал од двор. Фатен е како применува инвазивна метода за вадење тумор од мозок врз друг снешко научена од видео игрите на министерот. Министерот бил воодушевен, по што решил да не го казнува Снешкото кој излегол од дома без прашање и му дал задача да прави прави прирачник за хирургија
Снешкото на Артан Груби го зафати селфиманија
Оваа сторија е измислена и сатирична