НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кризната состојба во КПД „Идризово“ ќе трае додека не се вработат нови затворски полицајци, вели директорот Јовановски

0
By Marija Todorovska on January 22, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека трае приправничкиот стаж на големиот број на затворски полицајци кои немаат добиено решение за редовно вработување, ќе трае кризната состојба на територијата на затворот „Идризово“, изјави директорот на затворот, Зоран Јовановски.

Кризната состојба беше прогласена во јуни изминатата година со цел спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата која произлезе од недоволниот кадар во затворот.

Во моментов се чека на согласност од Министерството за финансии за вработување на нови припадници на затворската полиција, во меѓувреме „Идризово“ го обезбедуваат Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија.

Во врска со моменталните услови во затворот, пред денешниот настан „Борба против тортура и нехуман третман“ Јовановски информираше дека се прави реконструкција, меѓутоа сѐ уште има пренатрупаност.

– Се прави реконструкција, односно санирање на некои оштетувања во полуотворено и отворено оделение, а во затворено се објектите што се наследени и таму се подобруваат условите за сместување во однос на капацитетите, меѓутоа сѐ уште имаме пренатрупаност.

Тој дополни дека, со цел да се избегнат инциденти управата на затворот перманентно презема акции на претреси и одзема недозволени предмети, како што се ножеви, шрафцигери, клешти и слично и информираше дека побарале повеќе скенери.

–  Ние како Управа имаме побарано да се зголеми бројот на скенери и до ден денес од релевантните институции кои треба да ги набават тие скенери сѐ уште немаме никаков одговор, рече тој.

Зоран Јовановски КПД Идризово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.