НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Архитектот што го проектира новиот Клинички, два пати апсен во Италија

1
By Менче Атанасова Точи on January 2, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Антонио Савоино од италијанската фирма Арен Срл која го доби тендерот за изработка на главниот проект на новиот клинички центар„Мајка Тереза“, бил вмешан во серија корупциски скандали во Италија пред една деценија, дознава НОВА.

Савоино кој сега е на возраст од 84 години, фигурира во бордот на директори на Арен Срл, проектанското биро што треба да го изработи проектот на грандиозниот објект во Македонија, додека на местото главен извршен директор, е неговиот син Дејвид.

Според италијанските медиуми Антонио Савоино два пати бил апсен за работи поврзани со проектирање на болниците во Асти и Савона во Италија .

Архитектот Савоино и е добро познат на италијанската јавност, кога како сопственик на тогашната фирма PROTECNE бил уапсен заедно со неколку политичари кои биле инволвирани во голем корупциски скандал. Заедно со него биле уапсени и претседателот на провинцијата Торино, Ецио Асторе и Алдо Гента десна рака на Вито Бонсињоре, секретар за буџет во тоа време.

Еве како известувал за моментот на апсењето на Савоино, еден од најтиражните весници во Италија, Кориере де ла сера, на 28 април 1993-та година.

„Вчера вечер беше уапсен заменик претседателот на провинцијата Торино Ецио Асторе. За да го притворат задолжени беа судиите Виторио Корси и Себастиано Сорбело кои ја истражуваа историјата за договорот за новата болница во Асти тешка 230 милијарди лири.Со Асторе уапсен е и Алдо Гента кој се до минатата пролет беше десна рака на Вито Бонсињоре сегашен секретар за буџет.

Лисици му се ставени и на архитектот Антонио Савоино, директор на компанијата”Protecne”. Поранешниот масон како што го нарекуваат, поради своите познанства и пријателства, добил провизија од многу Локални здравствени единици во Пиемонте и стекнал еден вид на монопол.

Савоино се појавува во сложениот историјат на новата болница во Асти како член на Комитетот за пренесување на договори. Уапсен е по втор пат и во двата случаи со обвиненија за корупција (во октомври беше затворен за нарушување на „Слоновата аукција“), се вели во веста објавена во италијанскиот весник Кориере де ла сера.


Дали македонските власти знаеле за минатото на човекот на кого му ја доверија изградбата на најголемиот објект во македонското здравство со површина од 61 500 метри квадратни? Дали е возможно да не знаеле ништо за неговото минато, кога податоците се лесно достапни на интернет.

НОВА истражувајќи на оваа тема дојде до еден записник од италијанскиот парламент кој датира од февруари 1993-та година кога Лучијано Виоланте од Демократска партија на левицата го поставува прашањето до Министерот на Здравство, како фирмата Protecne во сопственост на Антонио Савоино го добила тендерот околу изградба и реконструкција на болници во рамки на проектот за борба против ХИВ/СИДА.

Според идејниот план, фирмата на Савоино требало да го направи проектот за уривање на старата зграда и да изгради нова болница во Пиемонте, а требало да се изгради и нова лабораторија. Иако имало можност за градење на нова зграда, фирмата Protecne само ја реконструирала постоечката, додека лабораторија воопшто не била изградена. Парите завршиле на сметката на фирмата на Антонио Савоино.

Како што пишува во записникот, левицата обвинува дека архитектот бил вмешан и во други криминали, а тогашниот министер за здравство бил посочен дека стои зад него.

Всушност, приказната започнува кога во тоа време Министерството за финансии во консултација со Министерството за здравство работите за изградба на болници во три региони во Италија ги доверува на Конзорциумот CONS.OMI.

За изградба на болница специјализирана за инфективни болести CONS.OMI односно конзорциумот составен од фирмите Italsanitá и SVEI, ја ангажира компанијата PROTECNE од Торино во која што единствениот администратор, технички директор и дизајнер е архитектот Антонио Савоино. Проектот бил презентиран пред Министерството за здравство.

Но, регионалниот Комитет за јавни работи во Пиемонте искажал недоверба во однос на реализација на проектот, поради нецелосните планирања, недостатокот од аналитички проценки на трошоците и огромните индиректни трошоци.

Во исто време, со остра реакција се јавиле и медицинскиот директор и персоналот на болницата Амадео ди Савоја. Техничките претставници не се согласувале со предложениот проект и покрај притисокот од регионален советник Mакари, кој пак е уапсен неколку дена подоцна заради неговата поврзаност со изградбата на новата болница во Асти. Тие укажале на главните недостатоци во проектот, како и за попречувањата во реализацијата на плановите во делот на одржување на болницата и набавка на опрема и мебел.

Вкупниот износ за изградбата од 50 милијарди лири предвидени во 1990 –та година се зголемил двојно, на фантастични 109 милијарди лири.

Антонио Савоино наместо да изгради нова лабораторија, само ја реконструира постоечката , парите легнале на сметката , а нова лабораторија во болницата не е направена. Околу 300 слободни кревети биле сместени во мртовечницата на болницата која е без патолошка лабораторија.

Во документот до кој дојде НОВА, се вели дека архитектот Савоино повторно бил уапсен во истрагата која ја покренал јавниот обвинител на Торино за изградбата на новата болница во Асти. И не само тоа, тој бил испрашуван и во истрагата спроведена околу изградбата на новото седиште на Националниот институт за електротехника, а неговото име се појавува и во истрагата за мито во врска со договорот од IACP на Торино, и во други судски истраги во делот од здравственото управување на Пиемонте.

Архитектот се товари за милијарди потрошени на трошни домови за стари лица, за седумте проекти од страна на CONS.OMI во регионот Пиемонте, за сите проекти кои биле доверени на PROTECNE или други компании во кои директно или индиректно архитектската палка е во рацете на Антонио Савоино.

Како завршиле истрагите и судските процеси тешко е да се дознае, но од она што известувале медиумите во тој период може да се види дека еднаш успеал да добие условна казна од година и осум месеци, друг пат за него е барана казна од од 2 години и девет месеци. Во една од тие информации се вели дека ги соопштил имињата на останатите инволвирани, па бил поштеден од обвинение. Обвиненијата кои биле покренати против менаџерите биле многубројни: поткуп, местење на понудите, повреда на службена тајна и злоупотреба на функцијата.

За новиот клинички центар во Скопје, проектанската куќа Арен Срл тендерот го добила во конзорциум со две македонски фирми Ин Пума и Прототип. Тоа уште пред една година го соопшти министерот за здравство Никола Тодоров. Но, постои и третата фирма преку која се координираат работите, а тоа е Студио Круг ДООЕЛ, која воопшто не беше спомната во јавноста.

Првите две фирми, Ин пума и Прототип повеќе не се вклучени во проектот. Неофицијално, во Ин пума велат дека од непознати причини се отстранети од проектот, но не сакаат да зборуваат јавно. Прототип си го завршиле својот дел од работата, а третата фирма Студио Круг ДООЕЛ, се уште работи на проектот.

(„Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Подигнување на јавната свест против корупција преку истражувачко новинарство“.)

Следува: Кои се фирмите што биле ангажирани во Македонија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.