На државата и на граѓаните им треба претседател со јасна визија за сигурна, безбедна и
извесна европска иднина, човек кој не ги дели граѓаните туку ги обединува, кој ги споделува
европските вредности и работи за демократски и економски напредок на земјата, изјави
претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Локално“.
Тој додаде дека СДСМ, заедно со проевропските политички субјекти, како и секогаш и овој пат
ќе биде на висина на задачата и ќе одговорат на оваа потреба на граѓаните и ќе предложат
проевропски кандидат за претседател на државата, близок до граѓаните, прифатен од
граѓаните, чесен, доверлив и докажан поддржувач на демократските процеси и на политиките
на меѓународната демократска јавност.
Тоа ќе биде идниот претседател на државата предложен од СДСМ, со докажан личен
интегритет, стручен и достоен за оваа важна висока државничка позиција. Проеропски
претседател кој ќе биде ветар во грбот на новата проевропска Влада предводена од СДСМ,
којашто во динамичен процес, за неколку години ќе ја внесе државата во ЕУ, истакна Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека граѓаните не заслужуваат претседател – кочничар на
унапредувањето на животот во родната земја и на европските перспективи, не заслужуваат
човек кој со погрешни чекори и политики може да го загрози напредокот и позицијата на
земјата како доверлив партнер и сојузник на САД, ЕУ и НАТО.
„Тоа би значело повторна изолација и неизвесност на земјата, од што изминативе неколку
години едвај ја извлековме. Република Северна Македонија продолжува напред во
европското семејство на народи и држави со проевропски претседател на сите граѓани“,
рече Ковачевски.