НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ниту трага од новиот Клинички центар

2
By Менче Атанасова Точи on January 4, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанската фирма Арен Срл што го проектира Новиот клинички центар, доцни со изработката на главниот проект, а со самото тоа доцни и почетокот на изградбата на грандиозниот објект, кој според планот треба да се протега на површина од 61 500 метри квадратни.

Оваа фирма го доби меѓународниот тендер за да направи идеен, основен и главен проект за Новиот клинички центар„Мајка Тереза“, што според министерот за здравство, Македонија ја чини 1, 3 милиони евра. Целиот проект до изградбата беше најавено дека ќе чини 70 милиони евра.

Министерот Тодоров тврди дека станува збор за огромен проект кој бара сериозно внимание, а стартот на изградбата на новиот клинички комплекс го најави за март оваа година. На прашањето зошто доцни целиот процес и каде застанаа работите, Тодоров рече дека, цитирам „за да се увери дека се ќе биде во ред, Банката на Советот на Европа дополнително ангажирала уште две компании, француска која ја прави ревизијата и шпанска што ја прави втората ревизија“ .

„Идејното решение заврши, рушењето заврши, во над 95 проценти е завршено проектирањето и се прави ревизија. Банката на Советот на Европа го распиша тендерот, првата фаза заврши, а по евалуацијата се очекува да почне втората фаза. Очекуваме кон крајот на првиот квартал да започне изградбата на новата зграда“, одговори на прашањето на НОВА, министерот Тодоров, на прес конференција која се одржа на 11.12. 2014 година.

Според она пак, што го најави Тодоров пред година и половина, изградбата клиничкиот комплекс треба да биде завршена во 2017-та година. На почетокот на 2015-та година, нема ниту траг од новиот клинички комплекс. Таму се уште стои само огромна дупка, откако во јануари минатата година беше урната старата зграда на гинекологија.

Италијанската фирма Арен Срл во Македонија настапува заедно со фирмите Ин пума и Прототип ДООЕЛ Скопје. Според сознанијата до кои дојде НОВА има и трета фирмата која во јавноста не беше спомната, а тоа е Друштво за трговија и услуги Студио Круг ДООЕЛ, како што првично била регистрирана, во време кога земала учевство во конзорциумот.

Фирмата има двајца сопственици, едниот со адреса на живеење во Кочани, а вториот од Тетово. Од историјатот на фирмата од Централниот регистар може да се види дека првично била регистрирана како ДООЕЛ, а подоцна пререгистрирана како ДОО и тоа како микро, односно мала фирма.

Последната промена е направена на 15. 12. 2014 година каде што дејноста е променета од „друштво за трговија и услуги“ во „изградба на станбени и нестамбени згради“, и тоа случајно или не, во период кога почнавме да се распрашуваме за фирмата. За оваа фирма која била регистрирана како трговско друштво и настапила во конзорциум со останатите две фирми Прототип ДООЕЛ и Ин пума, гаранција дала италијанската фирма Арен Срл.


Архитектот Константин Ману

НОВА стапи во контакт со архитектот Константин Ману, човекот кој од останатите фирми од конзорциумот беше посочен дека ги координира работите преку фирмата Студио Круг, иако никаде на хартија не фигурира како сопственик.

Доцнењето на работите поврзани со проектот Ману го објасни со внесување на нови измени во самиот проект.

„Станува збор за голем проект. Идејното решение е завршено, се работи главниот проект. Имаше измени во проектот кои мора да бидат според стандардите и сега ги имплементираме“, кратко одговори, Ману.

На прашањето дали имаат доволно вработени, како и капацитет да одговорат на барањата за толку голем обем на работа, Ману изјави:

„Секој може да каже што сака, но ние имаме капацитет и можности да го направиме проектот. Имаме 20 луѓе во фирмата во Скопје, 20 вработени во Италија и уште 20 ангажиравме дополнително“ рече Ману, а за сите други прашања понатаму не упати одговор да бараме во Италија во фирмата Арен Срл.

Но, електронска порака која беше пратена на адреса на Арен Срл беше одбиена.

Според информациите до кои дојде НОВА, Ин пума(Институт за планирање, урбанизам и сообраќај) и Прототип ДООЕЛ Скопје, повеќе не се дел од конзорциумот. Раководството на градежната фирма Прототип ДООЕЛ Скопје, чија основа дејност се покривни конструкции, за НОВА потврди дека си го завршиле својот дел од работата. Но, во Ин пума која требало да настапи по изработката на идејниот проект, со фаза на водовод, електрика, како и во делот на сообраќајот и екологијата, велат дека од непознати причини се исфрлени од проектот.

„ Настапивме заедно со Арен Срл фирмата која даде гаранција, ја зедовме работата заедно, но од Министерството за здравство нас не исфрлија од проектот. Италијанската фирма идејното решение го направи со задоцнување. Динамиката доцнеше, дури и во Банката се сменија три екипи“, велат извори од фирмата кои сакаа да не ги именуваме, а биле вклучени во проектот.

За цело ова време додека доцни проектот, се смениле многу луѓе кои работеле на проблематиката, тврдат во Проектната единица на Министерството за здравство. Дел од нив заминале откако им завршил договорот, за други велат дека биле отстранети, а на местото на одговорниот во период од една година се смениле тројца луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.