Политичката криза од почетокот на годинава што се заканува да предизвика и пошироки негативни општествени импликации, особено од аспект на евроатлантските интеграции, предизвикува оправдана вознемиреност во однос на очекувањата за остварливост на програмираните задачи, рече претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, денеска на 46. Годишно собрание на оваа институција.
Поради тоа, посочи тој, претседателството на МАНУ апелира за побрзо надминување на политичката криза со итно почнување дијалог меѓу одговорните политички субјекти, заснован врз уважување на интересите на државата и начелата на владеење на правото.