НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИНДЕКСОТ И УСТАВОТ

0
By Нова ТВ on January 7, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Професор Димитар Димитров

Индексот е легитимација на студентот, уставот е легитимација на државата. Начинот на кој индексот и уставот беа посредувани на студентските протести е многу показателен. Марширањето со индекс в рака и фрлањето на текстот на уставот пред владата, се гестови што порачуваат: ние сме студенти и сакаме да студираме во согласност со уставот; образовната политика на владата го крши уставот и како таква е нелегитимна и некомпетентна.

Така студентите нагледно го прикажаа разминот меѓу уставниот модел и политичката реалност во доменот на високото образование. Пред нив такво квалификувано опонирање пружија протестите на студентите по архитектура (Плоштад слобода), на архитектите, на новинарите и долготрајното штрајкување на лекарите специјалисти. На претходните протести владата одговори сообразно на поговорката „Карај умно – поумно; карај лудо – полудо“. Во досегашната фаза идентично се одговара и на актуелните студентски протести (Студентскиот пленум).

Министрите не само што не го прочитале уставот, како што им префрлија студентите, туку не слушнале ни за студентските протести! Владата воодушевено го усвои пакетот предлог-закони за педагошка регулација на високото образование (и пошироко законот за директори во образовните установи) според теркот на Кумровечката политичка школа и на марксизмот.

Пратениците, сведени на уши и раце, ја слушнаа нарачката и ја изгласаа во првото читање. (Големо признание на осумте пратеници кои гласаа против и покажаа дека не се само жално торзо од уши и раце.) На петицијата до пратениците со поддршка на студентите од триста професори и’ се спротивстави контра-петиција од двеста професори со поддршка на владата, главно од факултети за кои ресорниот министер најави дека ќе ги укине! Без противтежа остана поддршката на Студентскиот и на Професорскиот пленум од студенти и од професори од светот. И таа асиметрија кажува се’. Тоа е екстерното тестирање на министрите што го иницираа студентите.

Кога Собранието конечно ќе ја помине владината педагошка регулатива на високото образование, независно од евентуалните амандмански закрпи на законите, ова немо екстерно тестирање на министрите ќе добие гласност во вид на оценка на Европската комисија за нарушена автономија на Универзитетот.

Па кон списокот услови за почеток на пристапните предговори за зачленување во Унијата ќе го додаде враќањето на автономијата на Универзитетот. Тоа ќе значи дека владината образовна политика паднала на екстерниот испит. Како што паѓа по шести пат на испитот по економска политика, по политиката на антиквизацијата, на „Скопје 2014“, на владеењето на правото, на независното судство, на слободните медиуми.

Клучната негативна оценка што ја добиваме во извештаите на ЕК за напредокот на земјата и на ОБСЕ и мисиите на ЕУ и САД за изборите, се однесува на симбиозата партија-држава. Бидејќи партитократијата беше главна одлика на комунизмот, оваа оценка имплицира дека основното зло на комунизмот уште е наша судбина.

Во фазата на осамостојувањето, со нашето самочувство на учесници во општоевропската демократизација, донесовме пристоен европски устав. Но статутите на партиите ги направивме како духовни наследници на Сојузот на комунистите – според принципот на демократскиот централизам.

Така добивме своевидна системска еклектика од либерален устав и од партиски авторитаризам, при што перманентно страда уставот, под кој се подметнува криптоцезаристичка практика. Централизмот е како митолошка ламја: се’ завладува, се’ голта, се’ претвора во лушпа – државата, институциите, системите, луѓето. Сега му се нафрли на Универзитетот. Го осовременува и европеизира со умот и науката на партијата која ја премести државата од сегашноста во антиката!

Покрај разбирливиот отпор на студентите и на професорите, индикативно изненадување претставува и отпорот на две мали партии (ДС и ДОМ) од владеачката коалиција, едната од кои (ДОМ) предлага посебно министерство за високото образование. Тој предлог подразбира дека постојното министерство не е компетентно. За жал, работата е уште посериозна.

Две години, од 24 декември 2012, ние имаме состојба на фингиран државен удар. Власт која насилно ја елиминирала опозицијата (една идеална третина од собранискиот состав), е пучистичка власт. Од тој момент уставот е фрлен, земјата е падната во аномија, која по дефиниција е негација на секаква автономија – на Претседателот на Републиката, на Собранието, на судството, на новинарството, на здравството, на архитектурата и урбанизмот, на Универзитетот. (За еден час деновиве премиерот изврши упад на прес на Професорскиот пленум – што е историски преседан сличен на оној од 24 декември – и упад во Собранието, посведочувајќи колку длабоко е мотивирано повикувањето на студентите по слобода и автономија.)

На ваква власт и одговара посебно министерство за високото образование не посветено на автономијата на Универзитетот, туку заради поефикасно негово контролирање и дисциплинирање – какво што предлага лидерката на Контрапрофесорскиот пленум.

Автономијата на Универзитетот ја претпоставува автономијата на државата. Автономијата на државата го претпоставува воспоставувањето на уставниот поредок. Обидот да се излезе од кризата по 24 декември со арбитража на ЕУ, по линија на помал отпор, не ја постигна целта. Пучистичката власт ниту има право, ниту може да организира избори. Во тоа се увери и арбитерот (ЕУ), но и натаму останува на линијата на помал отпор. Откако ја убеди опозицијата (СДСМ) да излезе на избори кои не можеа да бидат избори, сега ја убедува да се врати во Собранието кое не е Собрание!

Ако причините на студентските протести се дел од „ќорсокакот“ (Филе), воскликот на студентите за автономија на Универзитетот е апел за излегување на европскиот пат на граѓани и луѓе, водени од свој ум и совест. Од тоа дали ќе го споделиме тој апел, ние дома и ЕУ, зависи колку сме способни, сите заедно, за добри решенија.

P.S.
Овој текст е мој одглас на пиар повикот на владата, вечерта спроти Божик, за поднесување предлози за собраниската расправа на вториот ден од Божик!
Христос се роди. Да му се радуваме на празникот.
07.01.2015

Колумната на проф. Димитров е напишана за НОВА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.