Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хелсиншки комитет за човекови права: Граѓаните остануваат обесправени заради неорганизираноста на државата навремено да ги исполни обврските

0
By Marija Todorovska on February 14, 2024 ВЕСТИ
Фото: pravdiko.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 14, 2024 13:08

„Граѓаните остануваат обесправени заради неорганизираноста на државата навремено да ги исполни обврските преземени со Договорот од Преспа и да  организира издавање документи со новото уставно име. Ова ги погодува сите граѓани кои немаат нови патни исправи, а особено оние чии документи се издавани на стари обрасци во периодот од 2019 до 2022 година“,стои во соопштението од Хелсиншки комитет за човекови права.

„Сакаме да потенцираме дека и покрај тоа што на 12 февруари беа изгласани измени на Законот за безбедност во сообраќајот со што се продолжи важноста на возачките и сообраќајните дозволи, измените на Законот за патни исправи воопшто не беа ставени како точка на дневен ред на Собранието“, велат од комитетот.

„Сегашната состојба каде речиси половина од граѓаните немаат нови патни исправи и нема изглед дека наскоро ќе ги добијат е директна закана по остварувањето на правото на слободно движење. Ненаоѓањето на законско или друго решение за излез од оваа состојба со невалидноста на патните исправи може да има сериозни финансиски импликации за државата. Имено, повредата на правото на слободно движење настаната со хаосот во обезбедувањето на нови патни исправи, што не може да се стави на одговорност на граѓаните, им дава многу цврста основа да ја тужат државата за повреда на нивните права и да ги добијат тие постапки во нивна корист“, потенцираат од комитетот.

„Дополнително, државјаните на Република Северна Македонија се погрешно информирани за можностите за патување со патен лист издаден од од дипломатските и конзуларните претставништва на државата во странство. Вистината е дека тој документ им важи само еднократно – тие можат непречено да дојдат во земјата, нема да можат да ја напуштат државата, односно, нема да можат да патуваат надвор од државата сѐ додека не извадат нова патна исправа“, пишува во соопштението.

Дополнително, покрај убедувањето на надлежните дека функционира бесплатното телефонско и електронско закажување за почнувањето на постапката за вадење документи – тие се надвор од функција.

Тие додаваат дека ова е јасен приказ на негрижата на државата за заштита на правата и на слободите истовремено со исполнување на меѓународните спогодби, а чии последици ги сносат самите граѓани. Очекуваме одговорноста да је понесат сите надлежни државни органи и лица на раководни места во тие органи кои доведоа до оваа состојба.

Хелсиншкиот комитет за човекови права апелира Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за ефикасно и брзо издавање нови пасоши и на тој начин да престане повредувањето на основното човеково право на слобода на движење.

лични документи Патни исправи телефонско закажување Хелсиншки комитет за човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.