Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за труд: Пензионерите се ослободени од сите придонеси за хонорарите

1
By Нова ТВ on January 8, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 8, 2015 17:50

Министерството за труд и социјална политика реагира на нашиот текст под наслов „Дали и пензионерите ќе плаќаат дел од придонесите за хонорарите?“ и смета дека текстот е тенденциозен и невистинит.

„НОВА“ денеска објави дека втор ден кабинетите на министрите за финансии и за труд и социјала, Зоран Ставрески и Диме Спасов се оглушуваат на прашањето на „НОВА“ дали е вистина дека од 1. јануари 2015 пензионерите, сепак, ќе плаќаат придонес за здравствено осигурување од 7,3 проценти во случај ако примат хонорар.

Ние се повикавме на ставот на поранешниот министер за труд и социјала Самка Ибраимовски кој напиша дека пензионерите ќе бидат ослободени од придонесот за пензиско, меѓутоа ќе го плаќаат придонесот за здравствено осигурување од 7,3 отсто.

Од министерството велат:

„Одредбата од член 10 став (1) точка 8 наведена во Вашиот натпис се однесува на обврската за плаќање на придонес за здравствено осигурување за корисник на пензија врз основа на исплатената пензија. Со членот 13 сстав (1) точка 7 од истиот закон, се уредува дека уплатата на придонесот за здравствено осигуурвање за корисник на пензија го врши Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и тоа при секоја исплата на пензија.
Согласно одредбите од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување јасно и прецизно е наведено дека исплатата на придонесот за здравствено осигурување за секој корисник на пензија при исплатата на пензијата го врши Фондот на ПИОМ, а корисниците на пензија се исклучени од обврската за плаќање на социјални придонеси доколку остваруваат приходи врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор.Со оваа шпекулација, порталот НОВА ТВ шири апсолутна невистина и заблуда кај граѓаните особено имајќи во предвид дека законските одредби се јасни и прецизни“.

Јас како автор на текстот ги отфрлам квалификациите на министерството дека текстот е тенденциозен и невистинит.

Имено, во текот на понеделникот и денеска дури 12 пати (и со зборови ДВАНАЕСЕТ ПАТИ) се обидов да го исконтактирам портпаролот на Министерството за труд и социјала, Марјан Гиовски и да побарам мислење на овој ресор во врска со забелешките на ексминистерот Ибраимоски. Меѓутоа господинот едноставно не се јавуваше, ниту пак праќаше одговор на моето прашање кое го доби на имејл!

Министерството се одважи за реакција дури откако го објавивме текстот, а и имаше време тоа да го стори цели два работи дена.

Во текстот, „НОВА“ ништо не констатира за законот туку едноставно бара одговор на едно едноставно прашање на кое министерството одговори дури откако го објавивме текстот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.