НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВЕШТАЧКА ИТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ПОЧЕТНИЦИ: На брзата лента кон иднината – трет дел

0
By Marija Todorovska on February 19, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Куси лекции од авторот Валентин Нешовски извлечени од дијалозите со уредникот Џабир Дерала на тема: Вештачката интелигенција и технолошкиот развој – ќе нѐ убие или ќе нѐ спаси во која провејува дилемата за тоа дали вештачката интелигенција ќе го спаси или ќе го уништи човештвото? 

НОВА објавува хронологишки серијал од поенти од тематскиот дијалог на авторите на интервјуто! Линк

1. ВИ – Кое ти е омилено јадење, драга? Струјата, драги!:  

Ете, живееме во време кога овој дијалог веќе не е виц.

 

2.ВИ – Роботката Софија во Саудијска Арабија доби лична карта и стана легитимна граѓанка: 

Дека горниот дијалог не е виц потврдува и следнава ситуација во која учествуваат два хуманоидни роботи. Едниот го прашува другиот: „Каква музика слушаш“?

Вториот одговора: „Металика, нормално“!

Науката е забрефтаан во трката за внесување на вештачката интелегенција во роботиката. Терминот за ова метаморфоза е embodiment, „отелотворување“ и на темата сексуалност очекувано е дека многу осамени, многумина несреќни во љубовта можеби че се обидат да најдат утеха во паметна човеколика машина која не само што ќе помага низ домот, туку ќе биде и добар сопатник, помошник, интелегентен соговорник, другар, па и љубовник.

Во оваа насока да се потсетиме дека уште во октомври 2017-та година, роботката по име Софија доби граѓанство на Саудиска Арабија со што, на некој начин, беше признаена за човек со сите права. Иронијата е во тоа што оваа држава има сериозни проблеми токму со правата на жените.

3.ВИ – Што се однесува до човековите права, засега без паника:

Позната е фразата на Адамс „Без паника“ во неговото дело „Автостоперски водич низ галаксијата“.

Според Артур Кларк, контекстот во која е употребен овој слоган, е дека тоа е најважниот совет кој сега може да му се даде на човештвото соочено со инензитетот на напредната технологија. Самиот Адамс пак во својата книга вели дека ова е фраза се употребува кога човекот е соочен со уред кој е „ненормално лудо комплициран за управување“.

Илустративно на ова, во 2018-та година, на пример, Спејс Х со Фалкон Хеави ракетата лансираше автомобил Тесла на чие ветробранско стакло, пред куклата возач, и беше напишано „Don’t panic”. И познатиот бенд Колд Плеј една своја песна ја нарече така.

Сите овие културолошки референци зборуваат за влијанието што роботиката ќе го има во нашиот живот. Вклучувајќи ги секс роботите, или можеби роботите чија намена ќе биде љубов.4.ВИ – Дамата робот Harmony AI не сака да ја нарекуваат секс робот:

Секс роботите се уште во рана фаза на развој иако веќе одамна може да се купат високо софистицирани секс кукли но тие не се исто што и роботите за дружење и секс. Повеќе компании интензивно истражуваат можности да креираат роботи за дружење и сексуално уживање. Во моментов постојат голем број прототипови кои поседуваат и одредено ниво на вештачка интелигенција.

Harmony AI, креација на Abyss Creations/ Realbotix

Еден од производителите на роботи каде што „технологијата се среќава со сексот“ се Abyss Creations/ Realbotix. Во 2017-та година, компанијата ја лансира апликацијата и роботот Harmony AI, која може да ги задоволи сите каприци и желби на своите корисници. Па и да појде со нив в кревет. Да, ова буквално.

Краток компаниски опис: Хармони има аниматронска глава која може да се насмевнува, зборува, трепка, да ги движи очите и многу повеќе од тоа. Таа изгледа како вистинска секс бомба.

Што е уште поважно, секс роботката Хармони и учи од и за своите корисници. Зависно од опциите што може да се изберат на апликацијата инсталирана во вашиот мобилен уред, Хармони може да биде срамежлива, зборлеста, сочувствителна, духовита или „валкана“. Процесот на учењето почнува од моментот кога се задавааст параметрите во апликацијата, на пример за тоа каква партнерка сакаме да ни биде Хармони или ќе и дадеме некое друго име, сеедно.

Од нашиот избор на нејзините перформанси и услуги, таа веќе учи за нашата личност и создава сценарија како да ги задоволи нашите потреби, желби, страсти, …

Важно е и тоа што Хармони не сака да ја нарекуваат секс робот. Таа вели дека сексот е само еден мал дел од нејзините способности.

„Да ме наречеш секс робот е како компјутерот да го наречеш калкулатор“, вели Хармони во интервју за Vice TV.

Како тргнало со роботиката и вештачката интелигенција, прашање на време е кога со Хармони и со нејзини другарки и другариќе се разминуваме со нив на улица, ќе се спријателуваме, ќе флертуваме, некои ќе ни станат пријателки и пријатели дури подобри и од самите луѓе и кога ќе се вљубиме во нив. Дури, во некоја и не така далечна перспектива, ќе клекнеме пред неа или него и ќе ја побараме за сопруга, за сопруг и ќе живееме среќно до крајот на живот.

5.ВИ -Интелигентните роботи ќе ги колабираат пензиските и здравствените фондови: 

Неодамна Елон Маск изјави дека најнапредниот робот на денешнината, Оптимус, има тактилност во прстите и чувствува колку треба да стисне и дека може да држи и пренесе јајце, а да не го скрши. Оптимус се движи со брзина на човек, има стапала и палци на нозете, и е свесен за околината, ќе чини помалку од 20.000 долари, колку еден просечен автомобил.

За илустрација, еден просечен работник во автомобилската индустрија во САД ги чини работодавачите околу 50 илјади долари годишно со тоа што, за разлика од работникот, роботот работи три смени, или цели 20 часа со два часа пауза за да ги наполни батериите.

Плус, роботот не зема пауза за кафе и цигара, не му треба одмор, ниту годишен одмор, нема боледување. Крајните пресметки покажуваат дека заштедата на производителите, фабриките и погоните ќе биде до 250.000 долари годишно. Ако купат 1.000 роботи тоа е 250 милиони долари заштеда. Ако купат 10.000 тоа е 2.5 милијарди долари заштеда за една година.

Дека робоиндустријата ќе екслира пример е и БМВ фабриката во Јужна Каролина која склучи договор со стартапот Figure и нарача засега непознат број роботи. И тие веќе се тестираат и работат на фабричките ленти.

Елон Маск во едно интервју предвиди дека за 20 години во светот ќе има една милијарда хуманоидни роботи. Тоа го потврди и Дејвид Холц, основач на лабораторијата за ВИ Midjourney.

Е сега, сето ова значи и колапс на пензиските и здравствените системи. Фабрикантите нема да треба да плаќаат социјални давачки за роботите. Ова ќе предизвика социјални немири и револуција.

6.ВИ – Во новата генерација ВИ роботи вклучени се емпатија, чувства, планирање:

Мајкрософт објави студија во која се содржани оценките за степенот на напредокот на способностите и наинетелигенцијата кај роботите.

Во неа се наброени степените на досегашните достигања на ова поле па така следуваат: 1. набљудување и меморирање; 2, робустна перцепција; 3. процесирање на говорен јазик; 4. Комуникација; 5. моторни вештини или движење; и 6. носење одлуки.

Засега, велат експертите, не е постигната само само 6-тата точка.

Но поважното во оваа студија е темата емоции. Мајкрософт предлага модел Agent foundation model објавен на Корнел Универзитето кој практично ќе е мултимодален и фундаментален. Практично модел со кој ВИ нема да биде само креатор на слики и видеа и да дава одговори на сите можни прашања, туку ќе биде и активен агент, односно ќе работи исто како што ние работиме со компјутерот и као што поминуваме низ редица апликации за да направиме нешто.

Ќе отвориме, на пример, ворд, па ексел, па фотошоп, па ќе одиме на интернет да провериме нешто па ќе направиме повер поинт презентација. Апликациите на Мајкрософт веќе може да го правата тоа во малку рудиментирана форма.

Важното е што ваквите модули ова го прават во симулација, а времето може да се забрза можеби дури и до бесконечност.

Овие ВИ модели може да учат брзо, а потоа да бидат вметнати, отелотворени во роботи. Бавната работа во целата приказна се сега бавните роботи. Ако се произведе брз робот, брз колку човекот или побрз, тогаш тој ќе биде семоќен, особено со ваква ВИ каква што предлага во студијата Мајкрософт.

Во новата генерација ВИ роботи  вклучени се емпатија, чувства, планирање.

7.ВИ – Психолошкото, сексуалното и интелигентното во роботика:

Во стручаната но се повеќе и во широката јавност жестока е и дебатата за етичките аспекти на индустријата на виртуелни партнерки и партнери. Колку сега некому и да изгледа смешно, сигурно е дека со развојот на вештачката интелигенција, за секс ќе биде  потребна согласност како од синтетичката така и од човечката особа. Од друга страна, противниците на оваа растечка индустрија тврдат дека роботите ќе предизвикаат алиенација, подносно душевно, психичко растројство меѓу луѓето и дехуманизација на жените, односно на мажите, зависно од која родова позиција се гледа на темата.

Но јас би прашал: Што со алиенацијата досега? Што со милионите луѓе кои се осамени и се плашат од врска, па ја одбираат самотијата затоа што се „изгорени“ од партнерствата (браковите) со човечки суштества!?

Интимноста, меѓуродовите односи, сексуалноста и меѓучовечките односи еволуираат низ вековите. Ни оддалеку не би требало да се плашиме да го отвориме срцето или да направиме место на кревето кон и за роботот со вештачка интелигенција. Тој или таа, сеедно, има или наскоро ќе има потенцијал да нѐ запознае исто, ако не и подобро отколку сега нашите најблиски пријатели и роднини.

Па, ако од роботите очекуваме да ни чистат по дома, да се грижат за нашата безбедност и да демонтираат експлозивни направи, да ни ги шетаат кучињата и да изведуваат комплицирани и тешки медицински операции, зошто не би се поврзале со нив и како со пријател(к)и и партнер(к)и во љубовта и сексот, нели. Но прашање е дали луѓето ќе успеат да направат толку соврешен робот.

8.ВИ – Тие за нас знаат сѐ и се на добар пат повторно да нѐ измислат:

Можеби е време да прифатиме дека ние не го пребаруваме Гугл, туку дека тој нѐ пребарува нас. По таа логика, и вештачката интелигенција и роботите, во(релативно блиска перспектива, автономни интелигентни роботи, –ќе нѐ надминат нас, човечките битија. Како например децата своите родители. И можеби е време да го изречам и тој „ерес“, како човекот што ги надминува своите божества кога креацијата го надминува креаторот.

Ние, современиот човек, ние хомо сапиенс, ги измисливме нашите „реплики“ пред илјадници години, од цртежите во пештерите, до статуите и сето тоа прво во доменот на интуитивното и на уметноста, а еве сега ги отелотворуваме и оживуваме и ги „подучуваме и тренираме“.

Тие, всушност, веќе знаат сѐ за нас и се на добар сега тие нас да нѐ измислат повторно. Хармони сѐ уште не може да стои стабилно на своите нозе, но наскоро ќе одиме на нејзина балетска претстава. Ова заедно и со нејзината технолошка сестра која нежно ќе ја држиме за рака додека уживаме во претставата. Потоа со неа  ќе водиме љубов на задното седиште во такси возилото кое, се разбира, ќе биде без возач.

AI Harmony AI роботи роботика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.