НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражувањата покажуваат придобивки од медицински третман со канабис

0
By Marija Todorovska on March 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најновите трендови и резултати од истражувањата за употребата на канабисот во медицински цели беше тема на вчерашниот едукативен настан, која се одржа под наслов „Клиничката перспектива за медицинската употреба на масло од канабис (CBD/THC), во третман на болка“. Во рамките на настанот домашни и странски експерти, покрај презентацијата на најновите истражувања кој во повеќе земји се во напредна фаза, зборуваа и за досегашните клинички искуства од третманот на пациенти во различни медицински области.

Во рамките на едукативниот настан свое излагање имаше и доктор Силвиу Брил, директор на Институтот за третман на болка во Тел Авив во Израел. Д-р Брил е копретседател на Работната група за медицина базирана на канабис и претседател на работната група за онколошка болка на Европската федерација за болка.

Едукативниот настан го отвори претседателот на Македонската ревматолошка асоцијација, м-р д-р Мимоза Николовска Котевска, а е поддржан од Реплек АД Скопје, прва компанија во земјава која започна со производство на препарати кои содржат екстракти од канабис (CBD/THC). Доцент д-р Филип Гучев од Универзитетската клиника за ревматологија во рамките на своето стручно излагање се фокусираше на клиничката употреба на екстракти од канабис во третманот на ревматолошките болести. За употребата на препарати со екстракти од канабис (CBD/THC) во третман на онколошки пациенти зборуваше д-р Милан Ристески, кој има долгогодишно искуство во клиничката онкологија, а бил дел од истражување во областа, а има објавено и низа трудови за унапредување на онколошката нега.

Реплек АД Скопје е пионер во производството на медицински препарати кои содржат екстракти од канабис на домашниот пазар, правејќи ги достапни и за македонските пациенти. Во своето портфолио компанијата има производи кои содржат различни концентрации на CBD и THC, со што се овозможува поширока примена во третманот на различни здравствени состојби.

Во рамките на настанот експертите ги изложија најновите научни истражувања и резултати добиени во рамките на клиничката пракса , при третман на хронична болка од различно потекло и улогата на производите кои содржат екстракт од медицински канабис (CBD и THC). Канабиноидите, активните соединенија во канабисот, делуваат преку ендоканабиноидниот систем на телото, кој игра улога во регулирањето на перцепцијата на болката. Терапевтските својства на канабисот се признаени од многу регулаторни тела, вклучувајќи ја и Американската агенција за храна и лекови (FDA)

канабис медицински третман
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.