НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Остри реакции за навредите на српскиот премиер Вучиќ кон новинарите

0
By Нова ТВ on January 11, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Отворен притисок врз медиумите, вака Независното здружение на новинарите на Србија (НУНС) вчера ги оцени навредите на српскиот премиер Алекасандар Вучиќ кон Балканската истражувачка мрежа (БИРН).

Вучиќ во петокот остро реагираше на текстот на БИРН во кој се тврди дека српското Електростопанство за испумпување на вода од Рударскиот басен „Колубара“ ангажирала конзорциум без искуство со што значајно си ги зголемило трошоците.

– БИРН се тие што лажеа за „Ер Србија“, тие се оние што добија пари од господинот Мајкл Девенпорт (н.з. евроамбасадорот во Србија) и од Европската Унија (ЕУ) да зборуваат нешто против Владта на Србија. На тие лажговици кажете им дека повторно лажеле – изјави Вучиќ.

Новинарското здружение оцени дека речникот на Вучиќ припаѓа на некои минати времиња и оти тој не е прифатлив за едно демократско општество и за држава, која според зборовите на самиот премиер, сака да биде дел од ЕУ. НУНС предупреди дека во една држава не е возможно да се формира критичката јавност без истражувачкото новинарство.

Координаторот на БИРН за Србија, Слободан Георгиев за српските медиуми изјави дека БИРН стои зад текстот кој е 100 отсто вистинит, а на обвинувањата на Вучиќ реагираше и делегацијата на ЕУ во Србија.

– Многу сме изненадени од последните тврдења на премиерот на Србија, Вучиќ за тоа дека ЕУ плаќа одредени организации да водат кампања против Владта на Србија. Одлучно ги отфрламе ваквите неосновани тврдења – изјави портпаролката на мисијата, Маја Коцијанчиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.