Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто стерилизација на милениците е единствено и хумано решение?

0
By Marija Todorovska on March 1, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 1, 2024 14:16

Со оглед на безбројните случаи на напуштање и злоупотреба на животни во Македонија, сметаме дека е од клучна важност повторно да се зборува за кастрацијата, односно трајната стерилизација, како единствен ефикасен и хуман начин за намалување на бројот на напуштени животни. Иако Законот за заштита на животните предвидува дека сопствениците на домашни миленици мора да обезбедат контрола на репродукцијата на животните под нивен надзор, неодговорните граѓани го прекршуваат законот, за да потоа, покрај напуштањето миленици се соочуваме и со случаи на екстремно насилство, каде дури се убиваат ( дават, задушуваат) или оставаат несаканите потомци на нивните кучиња и мачки во шуми, на депонии или покрај патиштата, каде умираат од глад, болести, напаѓаат други животни, или завршуваат под автомобилските тркала. Неретко завршуваат оставени пред вратите на прифатилиштата кои се полни со напуштени животни. Дури и ако сопствениците сакаат да се грижат за младенчињата, и да ги дадат на понатамошно вдомување, тие се соочуваат со фактот дека животните тешко се вдомуваат  бидејќи има повеќе животни на кои им треба дом, отколку што има луѓе кои се подготвени да им овозможат долготрајна грижа и љубов. Така, поради неодговорноста на голем број поединци, страдаат и животните и локалните заедници, кои треба да одвојат значителни финансиски средства за нега на напуштените животни.

Предрасуди околу стерилизацијата и кастрацијата миленици
Оперативната процедура на стерилизација/кастрација е едноставна, се изведува рутински и животните можат да направат сè самостојно веќе неколку часа по оперативната интервенција.
За жал, поради недоволната информираност, постојат многу предрасуди во однос на оваа тема, поради што животните повторно страдаат. Една од нив е дека женските миленици треба да имаат барем еден пород пред да бидат стерилизирани, што е погрешно и уште поштетно по здравјето на животното бидејќи со секое натамошно размножување се зголемува можноста за ред заболувања во староста на животното. При тоа ваква женка  (доколку е неодговорно чувана и пуштана слободно на улица) бргу  ја  наоѓаат и други кучиња , кои насилно и наизменично ја парат, што за неа е болно и трауматично, а честопати и фатално.
Друга честа заблуда е дека мажјаците не треба да се кастрираат, иако некастрираните мажјаци, во градовите но особено во руралните средини, се компетитивни и пораздразливи, се групираат, талкаат во глутници.  . Сетто тоа може лесно да се превенира, со интервенција која е од здравствен аспект полезна и многу кратка,  рутинска за машките единки.
Постои и предрасуда дека по кастрацијата животните го менуваат својот карактер и добиваат тежина. Ниту една од нив не е вистинита. Стерилизираните/кастрираните животни се посмирени затоа што повеќе не се вознемируваат цела година од нагон што не можат да го задоволат. Стерилизираните женкиимаат помала веројатност да развијат тумори на млечните жлезди, пиометра и други болести, а дијабетесот е за четири пати поредок кај стерилизиранитеотколку  нестерилизираните. Покрај превенцијата на болести и кај мажјаците и кај женките, истражувањата потврдија дека стерилизираните животни живеат далеку поквалитетно и подолго.

Етички аргумент против стерилизацијата
Колку пати сте слушнале „жал ми е да му ја одземам на животното можноста да роди малечки“? Главниот аргумент против стерилизацијата  е правото на секое животно да живее без човечко влијание врз неговиот начин на живот, врз неговото живеалиште и врз неговиот физички интегритет. Во таков случај „миленичињата“ како такви не треба ни да постојат, туку животните треба да живеат како независни диви животни во нивната природна средина. Во таков случај човекот никогаш не требал ни  да ги припитоми. Но тие се тука и нашата морална обврска е да ги третираме хумано и постапуваме во колективен  интерес/.
Животните не се свесни за лишувањето од мајчинството и татковството со кастрација, но добро се свесни за физичката и психолошката болка предизвикана од скучност во несоодветна средина, како и за смртта на нивните младенчиња од глад и студ, што се случува поради состојбата во која човекот ги довел. Во контекст  кога животните живеат со и меѓу луѓето, стерилизацијата докажано им помага, превенира раѓање на нови единки, а дава повеќе шанса на веќе родените да преживеат.

ПРЕДВИДЕТЕ ГИ ПОСЛЕДИЦИТЕ  И ДОНЕСЕТЕ ПРАВИЛНА И ХУМАНА ОДЛУКА.

За консултации и дополнителни информации, ветеринарниот тим на ЈП Лајка Ви стои на располагање

ветеринар ЈП „Лајка“ миленик стерилизација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.