НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Северна Македонија гради европски вредности на соживот, мултикултурност и мултиетничност

0
By Marija Todorovska on March 4, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска за време на работната посета на Битола ги посетија НУ Завод и музеј и Музејот на албанската азбука. Премиерот ја посети и Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк, како и Постојаната музејска поставка, во која се поместени преку 2.000 музејски предмети од различни временски периоди. Во нејзини рамки се изложени предмети кои припаѓаат на археолошките, етнолошките, историските збирки, како и на збирките на современа уметност.
За време на посетата на „Музејот на албанската азбука“, претседателот на Владата, Џафери, ја виде поставената мобилна дигитална изложба која се состои од 51 фотографии,  изработени со најмодерна технологија, на кои се претставени личностите кои придонеле за развојот на албанската азбука низ вековите, фотографии на личности–учесници на Битолскиот конгрес одржан во Битола и 58 документи во музејските витрини. Мобилната или дигиталната изложба се состои од осветлена церада со два монитори. Во музејските витрини има документи кои се од огромно значење,  и се сведоштво за албанската азбука низ вековите.

Премиерот, во двете музејски установи разговараше со вработените, за условите за работа и активностите во однос на домашната и меѓународна соработка. Претседателот на Владата, Џафери, истакна дека за Северна Македонија се од голема важност културните пораки кои ги испраќаат овие две значајни државни институции. Тој посочи дека Заводот и музеј во Битола и Музејот на албанската азбука се од исклучително значење за градењето на мултикултурниот живот во земјата.

 

 

 

Музеј на албанска азбука Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.