Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанскиот премиер Еди Рама со посебен крој на Маршот во Франција

0
By Нова ТВ on January 12, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 12, 2015 12:32

Албанскиот премиер Еди Рама со свој суптилен крој, се издвојуваше на големиот марш во Франција во чест на жртвите од масакарот врз редакциајта на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“.

За време на изминатава недела, кога моливот стана симбол за слободата на говорот во Париз, политичарот Рама, кој и самиот е сликар со неколку изложби зад себе, се појави со три моливи: во сина, бела и црвена боја во својот џеб, симболизирајќи го француското знаме.

Неговото министерство за надворешни работи остро ги осуди нападите на 7.декември, со став дека се работи за терористички напад.


*Еди Рама им се заблагодарува на свештениците попот и оџата што го придружија на Маршот во Париз

Преку соопштение за медиуми, Албанското министерство за надворешни работи потенцираше дека „нападот врз слободата на говорот со ништо не може да се оправда“.

– Република Албанија сочувствува со францускиот народ и изразува жал до фамилиите на жртвите и до француските власти, соопшти Министерството по нападите.

Маршот во Париз беше организиран со надеж и порака дека тероризмот нема да се толерира и дека слобода не смее да се загрозува.

Повеќе од 3 милиони луѓе учествуваа на маршот, а меѓу нив и 40 светски лидери кои рамо до рамо беа со учесниците.

Од лидерите од Балканот, на маршот присуствуваа бугарскиот премиер Бојко Борисов, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, косовската претседателка Атифете Јахјага, унгарскиот премиер Виктор Орбан, и други.

Додека од светските лидери, присутни беа покрај претседателот на Франција Франсоа Оланд, и германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон, италијанскиот премиер Матео Рензи, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, претедателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и други.

Присуствуваа и лидерите од Блискиот Исток, од Израел, Јордан, Палестина, Катар како и многу делегации од Африка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.