НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме

0
By Marta Pesevska on March 6, 2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Над 80 земјоделци од Свети Николе, денеска по завршувањето на средбата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчи Николовски потпишаа заедничка петиција до собраниската комисија за земјоделство, за итно носење на законот за изменување и дополнување на законот за земјоделско земјиште.

Заедно со земјоделците праќаме јасна порака, веднаш да се донесе овој Закон, кој го кочи опозицијата.

Станува збор за законска измена преку која се предвидува можност, земјоделците што имаат истечен договор, во периодот на изборниот процес, да не бидат избришани од ЕРЗС системот, соопштија од МЗШВ.

Вака предложените законски измени се доставени до Собранието и се чека на нивно усвојување од пратениците. Предложените измени, кои се во интерес на земјоделците, од неразбирливи причини се блокирани од страна на претседателот на собраниската комисија за земјоделство, не ставајќи ги овие важни измени во законот на дневен ред за разгледување на матичната комисија.

Денес во Свети Николе во вода паднаа сите лаги, а исплива вистината, посочија од МЗШВ.

Во следните два ипол месеци договорите на земјоделците ќе бидат продолжени. Збор кој денес пред земјоделците го даде министерот Николовски и истакна дека во оваа насока секторите на министерството деновиве посветно работат со целиот капацитет.

Само сложно со вистината можеме да постигнеме резултати. Да успееме заедно овие вредни земјоделци, што посветено работат и произведуваат храна, да ги задржат земјоделските земјишта и да си ги добијат заслужените субвенции, порачаа од МЗШВ.

земјоделци МЗШВ Свети Николе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.