Со песната „Империја“ Влатко Лозановски и Есма Реџепова ќе настапат на престојното издание на Евровизија. Песната вечерва беше промовирана на МТВ.
Од првичните коментари на социјалните мрежи може да се заклучи дека публиката не е воодушевена; од ужаснатост и згрозување, па се до блага поддршка. Еве некои од нив:
„Песната ја чувме. Од Есма е искористено 3% од нејзините вокални можности и сведена е на пратечки вокал. Не може да се рече дека е злоупотребена бидејќи се откажала од својот стил на пеење. Текстот содржи “богатство”. Од значења и метафори сместени во 4 дебилни стихови. Спотот не знае кај да оди бидејќи песната има квази политичка порака ( Македонија империја), па и тој се колеба меѓу замисленото и изгледа нареденото каде и што да се снима и прикажува. Водителот најмногу ми се допадна ама можеби тоа е бидејќи не пееше и го нема во спотот.
Што да ви кажам за водачот на целата екипа што прослави роден ден, симпатично, особено делот кога се изгуби каде е која камера и што се снима.
И уште збор, два за публиката. Советот за Радио дифузија или како веќе се вика тоа инкриминирано тело, мора да констатира дека МТВ ја почнала кампањата пред време бидејќи во секој кадар имаше во втор план по еден кандидат за советник или активист на партијата на власт.
Да знаев како да го преведам од српски ќе го употребев изразот: ДНО ДНА!“, напиша на својот фејсбук профил познатиот македонски режисер Слободан Унковски.
Еве ги и Твитер реакциите:
“Мислу дека нема да се најде таква будала што ќе каже дека #империја е плагијат, дека е његово дело и дека е оштетен.”
“Многу ќе беше подобро Грција да го блокираше нашето членство на Евровизија наместо во ЕУ”
“Стварно, дај не ги праќајте во Шведска. Дајте, ќе направиме уште некој споменик со тие пари”.
“ЕКСКЛУЗИВНО: СДСМ веднаш се враќа во парламент и оди на локални избори, ако #Ж се согласи #Империја да не не’ претставува на Евровизија.”
“Штета што не ги фатиле во кадар сите споменици. Песната е фантастична ….. за утринско протерување!!!”
“Абе на Талат да му дадевте да напиши песна таму дури ќутеше сигурно ќе сколпеше нешто посочно од #Империја (кога сме кај воени теми)”.
“Мора да покажеме на евросонг дека не сме демократска држава туку #империја иначе како ќе го оправдаме цел декември?”
“За ова с…е ли ни земаат пари и плус не рекетираат преку извршители … Срамота за МТВ и за изборов
п.с Арно не гледав, кај свртив :D”
„Kaкви баксузи сме бре лелелеел пусто јадно Македнонче:/ империја ама империја на глупостаа, свака част бар дај откажете се у последен момент кога треба да се иде, бар да не ја добрукаме нашата песна и со музика ве молимее“
„Кога спие цела вселена, друже, поарно ќе биде и ти да си легнеш него да одиш на Евровизија. Кој ја напиша оваа катастрофа од песна?“
„Империја бре во 21 век!!! Алоо бе!!“
„Недостасуваше Милка Бабовиќ, макар што се сомневам дека и таа би можела да ги голтне сите овие бои без да се растрои“
„Нека се викаше како било, зошто империја??? Империја 2014?“
„Mизерија невидена СРАМОТА за која империја пеат????????????
„Ја имам Силата“ со “Русинка“ на “Црно и Бело“ гарнитура да направам доволно потомци за цела „Империја“?
“Скриена порака од Ниче Димовски.”
„Мислам дека глупа не е вистинската придавка. Песната си е јаготка на шлагот на се што ни се случува!“
„Mожеа и да уфрлат нешо и од Стар Ворс… империјата го возвраќа ударот…“
:Добар рекламен спот за Скопје 2014“
„Песната не е важна ,важно е да се прикажат спомениците“
.