Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ со винил диџеј сет на светски познатата КТ (Лондон) во клубот Минус Еден

0
By Marija Todorovska on March 14, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 14, 2024 12:18

Оваа сабота, на 16 март, точно на полноќ, во ноќниот клуб Минус Еден, во рамки на платформата
СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ, пред скопските љубители на електронската музика ќе настапи со диџеј сет
КТ од Лондон, Велика Британија.

По низата успешни музички настани на платформата на која со настапи во живо досега се
претставија млади музичари од домашната и регионална сцена, активни во полето на рок, поп и
хип-хоп музиката, оваа сабота публиката ќе има исклучителна можност за првпат во Скопје да го
проследи настапот на КТ од Лондон.

КТ пристигнува во Скопје, после нејзината двомесечна турнеја со настапи низ Латинска Америка.
Нејзиниот исклучителен и разновиден музички вкус нуди избрана хаус, електро, транс, гараж,
брејкс… музика од 90-те.

Повеќе од една деценија активна на сцената, КТ е ѕвезда во подем која доаѓа од Лондон. Со
фантастична селекција на винили, како резултат на нејзиното „копање“ по добар електронски
звук, КТ редовно настапува во култниот лондонски клуб „Fabric“. Благодарејќи на волшебноста на
грамофоните и нејзината фантастична музичка селекција, КТ ги заслужи букинзите на домашен
терен, а од 2022 година и низ целиот свет. Мината година таа настапи на некои од најголемите
фестивали за електронска музика во Лондон, меѓу кои „Junction 2“, „Village Underground“,
„Tobacco Dock“ и „The Cause“. Има настапувано во клубови и на фестивали во Италија, Португалија,
САД, Косово, Германија, Шпанија, Малта, Албанија, Мароко, Тунис… КТ е клучен дел од „Sisu“
платформата за поддршка и промоција на женски и небинарни диџеи и продуценти и е резидент
на лејблот „Space Dust“.

Во очекување на високо енергичен настап на КТ со извонредна музика селекција на винили,
атмосферата ќе ја надополнат диџеите Мирко Попов и Виолета Качакова.
Влезниците за настанот може да се обезбедат онлајн на https://www.bileti.mk/e/silataeumladite
како и на влез на клубот по цена од 300 денари.

Минус Еден Силата ЕУ младите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.