НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осум нови „Леонардо хеликоптерс“ за АРМ

0
By Zoran Ivanov on March 14, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Осум нови хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“ ќе бидат набавени за потребите на Армијата на Република Северна Македонија. Вредноста на леталата ќе изнесува 230 милиони евра, а ќе се плаќа сукцесивно на четири рати. Првата ќе биде исплатена оваа година и е во износ од 16 проценти од вкупната вредност на набавката.

Како што информира на денешниот брифинг министерката за одбрана Славјанка Петревска, изборот е направен во согласност со долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2023-2032 година и плановите на Армијата за обновување на воздухопловната компонента.

Таа потенцира дека постапката за изборот на компанијата е започната по оглас објавен во 2019 година за што е формиран интегриран проектен тим составен од експерти во Министерството за одбрана и Армијата. Спроведена е фаза на истражување на пазарот за што биле реализирани бројни работни состаноци и посети на компаниите кандидати за набавка на новите хеликоптери во чии рамки биле извршени и демонстративни летови со потенцијалните нови хеликоптери.

По прибирање на сите податоци извршена била сеопфатна и објективна анализа на понудените платформи преку различни аналитички матрици. Критериумите според кои се вршени анализите, како што беше истакнато на брифингот, биле во однос на цената на набавката, техничкото одржување и техничката поддршка, достапност на резервни делови, животниот век на леталата и нивната модуларност и интероперабилност со НАТО-членките.

Во фазата на истражување на пазарот и споредба на алтернативите интегрираниот проектен тим одлучи да препорача да се пристапи кон набавка на хеликоптери од компанијата „Леонардо хеликоптерс“, изјави Петровска.

Таа потенцира дека во пакетот на набавката влегува и обука на пилотски и технички персонал, како и достапност за симулатори за обука, а ќе биде обезбеден и хангар во кој ќе бидат сместени новите хеликоптерите.

На конкурсот за избор на компанија пристигнале четири понуди и тоа покрај „Леонардо хеликоптерс“ и понуди од германско-француски конзорциум, компанија од САД и од Канада.

Првиот хеликоптер ќе пристигне во втората половина на 2026 година, а целата испорака ќе биде извршена заклучно со 2028 година.

Договорот за набавка на хеликоптерите ќе биде склучен утре, а ќе го потпишат министерката Петровска и амбасадорот на Италија во името на владите на двете земји. До крајот на месецов ќе биде потпишан и договорот со компанијата „Леонардо хеликоптерс“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.