НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„A change is Gonna Come“ – again, but…

0
By Нова ТВ on January 15, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Легендата Сем Кук беше во право кога во 1964 за прв пат ја интерпретираше песната по која остана запаметен во историјата и тоа не само онаа музичката, туку на онаа севкупната за борбата за еднаквост и правда. И затоа не губете надеж дека промените како неминовност ќе се случат, но внимавајте – во првиот вагон се тискаат и многу „слепи“ патници.

Пишува: Зоран Ќука

Нема потреба од стресови, од малодушност или безнадежност. Законот за измени и дополнувања во високото образование или како што уште се нарекува Закон за укинување на автономијата на Универзитетот си го донесоа и нека им го. Исто како и оној за медиумите и за хонораците. Нека вадат душа, нека прават контра – протести, контра – пленуми, што сакаат нека прават, ама крајот и ним ќе им дојде. И Бранко можеби мислеше дека е вечен, ама никој не е.

Знаето што! Стара мудрост е дека стаорците први го напуштаат бродот кој почнува да тоне. А така некако ја личи работава.
Ете, имаше една анегдота меѓу новинарите на времето дека наводно „газда“, изненаден од тоа што го гледал на вестите на неговата телевизија, му рекол на уредникот и водител, , да го предупреди кога – „нагло окреќе у десно, јер сви испопадасмо, богати“. Приказната е стара 15 – тина години и на оние кои ја знаат им служи за мајтап за новинарскиот професионализам на новинарот кој професијата најотворено ја сведе на чист бизнис

Има уште многу слични примери и тоа не само меѓу новинарите, туку и меѓу интелектуалците, професорите, и бизнисмените.
Сите нив онака апла за прв пат во масовно бегство ги гледавме во 1998 кога на местото на Бранко дојде Љубчо. Таа година многу „бранковисти“ ги сокршија нозете по владините скали за да го дочекаат Љубчо. Мотивот беше да се биде со власта, секогаш и по секоја цена, а само Амди Бајрам, тоa искрено го искажа со онаа негова изјава – „ ние сме секогаш со власта“.

Многумина одамна „окреќат у лево“. Оние, што почнаа порано, тоа го прават ,онака, незабележително. Прво се наоѓа повод. На пример некој владин предлог – закон, како оние за образование или за хонорарци, и се јавнува на бранот на незадоволството. Бившите „бранковисти, љубчовисти и груевисти“ во втората фаза умешно се сместуваат во првите анти– владини редови и се надеваат дека промената која тие ја намирисале ќе ја дочекаат како заслужни борци за демократија.

Истите тие што до неодамна споделуваа артикли на Куририте, што ја подржуваа владата по разни дебати, сега се заокружуваа со црвени крукчиња на студентските протести. Да се знае дека биле учесници во револуцијата која со своето присуство ја поганат и им прават штета на искрените деца со црвени крукчиња.

Долго, предолго се чека на промените, а штом овие „слепи“ патници се тискаат во првиот вагон, бидете сигурни дека нешто ќе се случува, нешто ново, бидејќи тие се како кокичиња кои ја најавуваат пролета. Кога тогаш, не се обесхрабрувајте. Студентските протести се само почеток!

It’s been a long, a long time coming.
But I know a change gon’ come, oh yes it will.

Зоран Ќука – авторот е новинар

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.