Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агелер: Притисоци врз судската власт е нешто што мора да престане

0
By Zoran Ivanov on March 15, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 15, 2024 21:44

Притисоци врз судската власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане. Судиите мора да бидат ослободени за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа, и се повеќе го бараат тоа, порача американската амбасадорка Анџела Агелер во обраќањето на Меѓународна конференција на тема „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“, организирана од Уставниот суд по повод 60 години од неговото основање со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Таа ја нагласи како што рече витална и незаменлива одговорност на Уставниот суд во изминатите шест децении во заштитата на основните човекови права, вклучително и слободата на говорот.

Во САД и тука во Северна Македонија овој суд е од суштинско значење за да се овозможи транспарентно и правично општество. Сите треба да ја почитуваат независноста на судиите кои што треба да бидат слепи за политичките влијанија и јавните мислења и да бидат водени од начелата кои што се втемелени во нашите устави. Американскиот уставен судија се уште смета дека нашиот Устав не е напишан во песок за да може да се измие со секој бран од нови судии кои што се под влијание на политички бранови. Притисокот кој што е ставен врз судиите во овие судови може да биде огромен. Ние како граѓани инстистираме притисоци да бидат елиминирани и нашите судии секогаш да бидат независни без оглед на нивното потекло и лични мислења, рече Агелер.

Таа се осврна и на улогата на овој суд во контекст на претстојните избори.

Од аспект на претстојните избори судската независност е од суштинско значење како и секогаш досега. Само независни судии можат да го запазат владеењето на правото и да ги заштитат правата. Судиите мора да делуваат објективно и правично. Јас имам слушнато многу од вас за притисоците кои се ставени врз вас. Притисоци врз судската власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане. Судиите мора да бидат ослободени за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа, и се повеќе го бараат тоа, потенцира американската амбасадорка.

На конференцијата се обратија и претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Јован Митрески, претседателот на Владата Талат Џафери, амбасадорката на Германија Петра Дрекслер, Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килијан Вал, заменик шефот на Мисијата на ЕУ Бен Нупнау и министерот за правда Кренар Лога.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.