Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“

0
By Zoran Ivanov on March 15, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 15, 2024 22:44

Романот „Единствен матичен број“ на писателката Лидија Димковска во издание на „Три“ е добитникот на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредност „Славко Јаневски“.

Симболичен е насловот, меѓутоа и многу важен за сите нас. Сите ние имаме единствен матичен број. Тоа значи дека постоиме на некој начин. Но прашањето што јас го поставувам во романот и што секој од нас треба да го постави е дали навистина постоиме, дури и тогаш кога имаме единствен матичен број, а на тоа прашање секој треба да си одговори посебно, индивидуално и можеби смао во тишината на своето срце, рече на денешната прес-конференција писателката Лидија Димковска.

Авторката појасни дека се работи за психолошки роман кој говори за дисфункционално семејство кое што живее во Скопје, за еден брак меѓу Македонка и Грк од Кипар и дека темата посегнува и по некои политички прашања.

Романот носи навистина тешка тема, повеќе теми кои не засегаат сите нас. Јас се уште пишувам за македонската стварност, бидејќи сега ја имам потребната книжевна дистанца од Македонија. Од надвор можам да ја гледам Македонија, меѓутоа и од внатре, од душата, и тоа ми дава посебни услови за пишување за македонското општество, за македонската реалност. Оваа книжевна дистанца ми е многу важна. Ми дава слобода, можам да напишам се што ќе замислам, додаде Димковска.

Писателот и минатогодишниот лауреат Влада Урошевиќ на денешната прес-конференција рече дека со овој роман, Лидија Димковска создала дело во кое личните истории, благодарение на нејзината прозна вештина, ги шират своите кругови на знаења се до глобалните размери.

Преку историјата на едно семејство, Димковска се нафаќа да ја претстави, во сета нејзина трагика, едната од индивидуалните и коелктивните судбински состојби толку карактеристични за нашата епоха: ситуацијата на егзилот. Присилното губење на татковината, на родниот дом, на делот од сопственото постоење проникнато со безброј врски кои го спојуват поединецот со неговото потекло добива на романот на Димковска своја конкретна, мошне индивидуализирана посебност, се вели во образложението за наградата на членовите на жири комисијата.

Во конкуренција за оваа книжевна награда која во земјава се доделува по 25 пат, беа 36 романи. При изборот, беа одржани пет состаноци, а во финалето за наградата освен романот „Единствен матичен број“ на Димковска, беа и романите „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.