НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

6 главни заклучоци по претседателските избори во Хрватска

0
By Нова ТВ on January 15, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тоа беше возбудлива и напната вечер во Хрватска, со голема политичка драма.

Како што беше очекувано, двајцата учесници во трката за претседател, актуелниот претседател Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ, беа рамо до рамо. Првичните анкети по гласањето и даваа предност на Грабар-Китаровиќ, но подоцна Јосиповиќ, поддржан од владејачката Социјал-Демократска Партија (СДП), премина во водство. Сепак, предноста на Јосиповиќ се намалуваше како што беа соопштувани резултатите од избирачките места. Според коментарите на социјалните мрежи, трката заврши со фото финиш, бидејќи Грабар-Киратовиќ победи со разлика од 32,435 гласови, или нешто помалку од 2% од вкупниот број на гласачи: избраниот претседател, поддржан од централно-десната Хрватска Демократска Заедница (ХДЗ) освои 50.74% од јавната поддршка наспроти 49.26% освоени гласови од Јосиповиќ.

Неколку моменти вредни за спомнување:

Дијаспората го искажа своето мислење во голема мера, а сепак немаше големо влијание врз изборните резултати

До 90% од хрватските државјани кои живеат надвор од државата, вклучувајќи ги и тие кои живеат преку границата во Босна и Херцеговина, цврсто ја поддржуваат ХДЗ. Тие лојално ја поддржуваат партијата уште од времето на Фрањо Туѓман, националистичкиот лидер на Хрватска кој е заслужен за независноста на државата по распадот на Југославија, а исто така и за победата во 1995 година во таканаречената Татковинска војна (Domovinski rat) против српските сепаратисти. Сепак, не може да се премине преку фактот дека и без дијаспората (термин кој во секој случај звучи чудно за Хрватите во Босна и Херцеговина), Грабар-Китаровиќ ќе ја однесеше победата со минимална разлика од само 1,989 гласови.
Јосиповиќ ја изгуби поддршката во клучните изборни единици

Дури и во урбаните заедници кои обично ги поддржуваат лево-либералните кандидати, Јосиповиќ постигна слаби резултати. Во споредба со претседателските избори во 2009-10, тој изгуби околу 50,000 гласови во главниот град Загреб. Во меѓувреме, ХДЗ го подобри својот резултат од првиот круг и заврши на второто место со многу мала разлика. Грабар-Китаровиќ го премина Јосиповиќ во Сплит и Осијек откако имаше полош резултат во првиот круг. Од големите градови, само Ријека остана лојална на веќе поранешниот претседател, но дури и таму тој оствари полош резултат отколку на претходните избори во 2009-10 (50.4% наспроти 66.7%).

Кампањата направи разлика, но само до одредена точка

Јосиповиќ водеше еднообразна кампања, претставувајќи се повеќе како теоретичар со недостиг на харизма. Но, не секогаш тоа е лоша работа, особено имајќи го предвид турбулентното минато на Хрватска. Сепак, тоа сигурно беше проблем бидејќи тој, фигуративно, беше принуден да плови наспроти големите бранови.

Според зборовите на стариот познавач на случувањата во Хрватска, Маркус Танер, гласачите го казнија актуелниот претседател. Тие што гласаа за радикалниот активист Иван Вилибор Синчиќ, кој заврши трет во првата рунда со респектабилни 16.4%, не сакаа да му подадат рака на Јосиповиќ, туку излегоа на гласање за да направат неважечки гласачки ливчиња или одлучија воопшто да не излегуваат на гласање. Сосема спротивно, Грабар-Китаровиќ успеа со тоа што ги придоби верните поддржувачи на ХДЗ со ветувањето дека “ќе продолжи таму каде што Фрањо Туѓман застана” (ХДЗ немаше претседател од 1999 година), а исто така се претстави во народен имиџ (“Јас одгледував крави на семејната фарма кога бев дете”) и ги потенцираше економските тешкотии и зголемувањето на сиромаштијата за да го прошири нејзиниот апел и да ги зголеми грижите на центристите.

Висока излезност

Двете партии, ХДЗ и владејачката СДП, сторија се што беше во нивна можност за да ги мобилизираат нивните гласачи. Повеќе од 59% од гласачите излегоа да го дадат нивниот глас – тоа е највисок процент во последните 15 години, како што е прикажано на графиконот подолу.


Графикон: Излезноста во вториот круг на претседателските избори во Хрватска (2000 – 2015)

Забелешка: Овој графикон беше креиран со користење на информации од Годишникот за интерактивни политички податоци (дел од Годишникот за политички податоци на Европскиот журнал за политички истражувања), кој е достапен онлајн на http://www.politicaldatayearbook.com/Chart.aspx/110/Croatia

За споредба, 47.12% гласаа на првиот круг на 28 декември, а 50.13% во вториот круг во 2010. Имаше известувања за огромни редици во главниот Херцеговински град Мостар – и распоредување на специјални полициски сили за спречување на нереди. Централните седишта беа крајно свесни за тесната трка и се бореа буквално за секој глас.

Кои се последиците?

Изборните резултати ќе му го дадат толку потребниот поттик на ХДЗ во пресрет на многу позначајните парламентарни избори кои ќе се одржат на крајот на оваа година. Успехот на Грабар-Китаровиќ е во спротивност со слабиот резултат на партијата на изборите во 2009-10, кога нивниот кандидат Андрија Хебранг, наследник на истакната политичка фамилија, не успеа да влезе во вториот круг.

Исто така, оваа победа носи свежина во партијата, имајќи предвид дека Томислав Карамарко, лидерот на ХДЗ, според анкетите има незавиден рејтинг како најнепопуларен политичар во државата (Јосиповиќ се приближува кон врвот на оваа листа). По изборната вечер, централно-десната опозиција има ветар во своите едра. Грабар-Китаровиќ може добро да ја употреби претседателската функција за да додаде поени на сметката на ХДЗ, особено во однос на проблематичната економија. Според некои трендови, Хрватска, член на ЕУ од јули 2013 година, потсетува на една од државите од јужна Европа кои се зафатени од економската криза, а не на пост-комунистичките држави од централна и источна Европа.

Нејзината економија контрахираше шеста последователна година во 2014. Започнување на раст и справување со невработеноста (17.7% на национално ниво, но близу 50% кај младите) се главните задачи на кабинетот на премиерот, бидејќи Хрватска е парламентарна република. Претседателот може да има многу простор за да придобива гласови, но сепак нема директна одговорност.

Исто така, има изгледи за внатрешна борба во СДП, бидејќи Јосиповиќ го предизвикува премиерот Зоран Милановиќ за лидерската позиција во партијата. Сепак, патот на ХДЗ до власт нема да биде така лесен. Една година е долг период во политиката, иако оваа фаза е клише. Ќе биде значајно да се види како ќе напредуваат помалите партии, вклучително и партијата за одржлив развој на Хрватска (ОРаХ, што значи орев), еколошка партија која оствари многу добри резултати на изборите за Европскиот парламент во мај минатата година. Успехот на Синчиќ говори дека има простор за нови лица на политичката сцена, по примерот на СИРИЗА или Подемос, предизвикувајќи ја моменталната статус кво поставеност на политичките партии.

Во надворешните односи каде влијанието на претседателот е поистакнато, постои загриженост дека Грабар-Китаровиќ може да го врати времето назад и да ги уназади обидите за обновување на односите со Србија и да започне да застапува тврди ставови кон Брисел со цел да ги задоволи националистичките темелни ставови. Таквите изгледи не можат да бидат отфрлени. Не е незамисливо дека Загреб може да ги направи преговорите на Србија за членство во ЕУ многу потешки, или барем да постави вето на одредени поглавја. Исто како што во минатото правеше Словенија во однос на Хрватска.

Сепак, не е веројатно дека победата на Грабар-Китаровиќ ќе доведе до тоа Хрватска да го имитира својот сосед Унгарија во започнувањето на борби и спротивставувања со ЕУ.
Нејзиниот победнички говор ги задоволи про-западните белешки, истакнувајќи ги односите со Германија како клучни. Како поранешен амбасадор во Вашингтон и до скоро асистент генерален секретар на НАТО, таа има добри врски и со САД. Сето тоа звучи убедливо и охрабрувачки, барем во однос на политиките и односите на Хрватска со државите од поранешна Југославија. Наместо да се врати во времето на Туѓман, Загреб ќе продолжи да биде конструктивен играч на Балканот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.