Во организација на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, вечер во „Лабораториум“ во Скопје, ќе биде промовирана книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“.
Текстовите на Шопов прв пат објавени во книга, ќе ги интерпретира Никола Ристановски, а промотор е Владимир Мартиновски.
Промоцијата е организирана во соработка со издавачката куќа „Антолог“.
Кон промоцијата се приклучуваат и Националната опера и балет, ФлипБук Фестивалот на анимирани филмови и Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) со сегменти од нивните уметнички продукции врзани за авторот, а во рамки на „2023 година во чест на Ацо Шопов“.
Насловната корица на книгата е дело на Марко Трпески, а графичкото уредување на Бобан Здравковски Андреевски.