Се засилува притисокот од Вашингтон и од Брисел – политичките субјекти потребно е да најдат решение за излез од кризата.
Притисокот се врши врз двете страни. Од власта се бара да истапи со предлог за надминување на настаните од 24 декември и да превземе одговорност за овие инциденти.
Од друга страна, притисок подеднакво се прави и врз опозицијата од која се бара да се откаже од бојкотот на локалните избори.
Како што дознава НОВА, еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе утре доаѓа во Скопје.
Шефовите на мисиите на американската Амбасада во Скопје, на Европската Унија и на ОБСЕ објавија соопштение во кое повикуваат на итни мерки за да се надмине актуелната политичка блокада.
“Продолжуваме да ги повикуваме Владата и опозицијата во Македонија да постигнат решение“, изјавиле во Стејт департментот.
Шефовите на дипломатските мисии во Скопје во соопштението оценија дека се загрозуваат аспирациите на граѓаните за подобра иднина и политичката стабилност на земјата и ги повикаа политичките лидери да и стават крај на политичката криза.