„Доколку Владата на следната седница не донесе позитивна одлука по барањето на Факултетот, односно повторно ја одложи точката која е од суштествено значење за нормално спроведување на наставата на Факултетот, ќе бидеме приморани да преземе порадикални мерки. Факултетот задржува право, до остварување на овие барања, јавно да го искажува своето незадоволство со одржување на протести и штрајк“, соопштија од ФИНКИ.Во барањето упатено до Владата, од ФИНКИ велат дека уште од своето формирање се соочуваат со просторни проблеми, што го попречува понатамошниот развој на факултетот.
Извор: Мета.мк