Полицијата и Центрите за социјална работа многу бавно реагираат или најчесто не прават ништо за да спречат и помогнат во случаите на семејно насилство.
НОВА беше сведок на едно телефонско јавување кога жител на кумановското село Тромеѓе, на СОС линијата пријави малтретирање на 45 годишна хендикепирана жена од страна на нејзините браќа.
Операторката се јави веднаш во полициска станица за да го пријави случајот, но се соочи со префрлање од линија на линија и долго објаснување за што се работи. Жената што се јави на телефонската линија 15 700 нагласи дека неколку пати пријавуваат во полиција, но досега никој не преземал ништо. Жената била тепана и малтретирана, гладна и боса барала помош во селото.
„ Ало се јавувам од СОС линијата за жртви на семејно насилство. Се работи за жена која е многу малтретирана, случајот е кај вас пријавен но досега не е регирано“
„Причекајте да ве поврзам со дежурниот полициски службеник“, одговори глас од другата страна на линијата
„Ало се јавувам од СОС линијата за семејно насилство.“, упорно повторува операторката.
Линијата повторно се прекина, следуваше мешање со други разговори.
„Ало, ало господине“, повторува операторката.
„Кажете госпоѓо“, конечно проговори другиот глас од линијата.
„Се работи за жена која е многу малтретирана, случајот е кај вас пријавен но, досега не е регирано“, рече операторката.
Советот на полицискиот службеник беше следниот:
„Семејно насилство како што знаете госпоѓо, се доаѓа кај нас и се пријавува“ рече полицаецот.
„Но,како да дојде кога е тепана, хендикепирана, не може да дојде. Зарем не треба вие да одите таму“, праша операторката.
Ова е само дел од јавувањата на СОС линијата додека НОВА беше таму. Телефонот е вжештен од јавувања за семејно насилство. Од таму велат дека е во пораст семејното насилство.
„Имаме по 10-15 јавувања на ден, обично најмногу во попладневните часови. Морам да нагласам дека е зголен бројот на случаи на насилство на децата врз соптвените родители, изјавиз а НОВА, Нена Смилевска координаторка на СОС линијата.
Од друга страна, додека во државата се случуваат убиства кои биле пријавувани од жртвите во полиција и во Центрите за Социјална работа, државата не ја подржува финасиски националната СОС линија која има и шелтер центар каде што се згрижуваат жртвите.
„Веќе неколку години не одбиваат од Министерството за социјала за финасиски средства иако ние сме сервис на државата“ изјави Томка Дилевска претседателка на ОЖС и СОС операторка. Целиот разговор погледнете го во видето.