НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шаќири: За простор за ФИНКИ се бара решение, помошта за средношколците и основците ќе се исплати до петок

0
By Marija Todorovska on March 21, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека добил негативно мислење бараките во кои се сместени вработени на Бирото за развој на образование да бидат отстапени на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) чие раководство и студенти бараат соодветен простор за работа.

-Јас овие информации ги имам доставено до ФИНКИ дека моментално треба да се најде решение за Бирото за развој на образование. Тие бараки би биле времено решение за Факултетот, истакна Шаќири одговарајќи на новинарски прашања на интерактивен настан за климатска акција и образование за животната средина во Градскиот парк.

Нагласи и дека барал средства за доизградба на почнатите објекти за ФИНКИ и за Факултетот за физичка култура во близна на Ректоратот на Скопскиот универзитет.

– Во двата претходни буџета не се обезбедени тие дополнителни средства, но се обезбедени дополнителни средства за ФИНКИ да има повеќе простории во Технолошко-технички факултет, кои се прилагодени и со буџетот на ФИНКИ и со буџетот на МОН, рече Шаќири.

Тој вети решение, посочувајќи дека побарал помош од УКИМ за да го анализираат бројот на студенти во одредени факултети.

– Ако во одреден факултет има слободни простории, треба да најдеме решение во соработка со другите факултети да ги прифатат студентите од ФИНКИ, но исто така повикувам Владата и Министерството за финансии да ја поддржи со буџет изградбата на новиот објект или тој веќе почнат објект на ФИНКИ, нагласи ресорниот министер откако денеска студентите и раководството на ФИНКИ го изразија незадоволството од условите за студирање со мирен протест пред Владата, барајќи соодветен простор за работа.

Во однос на финансиската помош за основците и средношколците, Шаќири увери дека  ќе се исплати за сите месеци, буџетските средства се во Министертсвото за образование и наука, и до петок, рече тој, ќе се реализира исплатата за декември и јануари. Нагласи дека финансиски средства се исплаќаат за училиштата со точно изработени податоци.

– Не сакам да се префрли вината во момент кога зборуваме, мислам дека до утре ќе стигне бројката до 100 000 ученици во основно и средно, кои се исплатени за декември и јануари. До петок ќе се реализира за декември и јануари, па после лесно е за наредните месеци, бидејќи ќе имаме точна бројка со точни податоци, за сите ученици. Многу од податоците кои доаѓаат од различни општини, различни училишта имаат потреба за доработка, рече Шаќири.

На забелешката дека нема списоци за тоа кои ученици ќе добијат финансиска помош, тој подвлече дека училиштата знаат, бидејќи тие ги доставувале до МОН списоците со матични броеви и трансакциски сметки. 

БРО Јетон Шаќири Финки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.