Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Микробиолошката лабораторија на ЦЈЗ Куманово воведе метода за детекција на пертусис

0
By Marija Todorovska on March 22, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 22, 2024 15:25

ПЦР метода за детекција на пертусис е воведена во лабораторијата на Центарот за јавно здравје Куманово, соопштија денеска надлежните од установата. Пациентите можат со упат од матичен лекар да се тестираат за ова заболување.

– Безболна е методата, се зема брис од грло и нос. Во рок од 24 часа се добиваат резултати. За неколку дена испитани се 30 пациенти, од нив три пациенти родени 2023, највозрасниот е роден 1976-та година. Најмладите пациентчиња беа испратени на лекување на Клиника за детски болести, изјави Весна Стефановска, специјалист по микробиологија.

Освен со упат од матичен лекар, се испитуваат примероци од пациенти од општина болница Куманово преку упат од специјалист педијатар.

Пертусис се пренесува преку кашлање, кивање. Единствен резервоар е човекот и исклучиво се пренесува од човек на човек.

– Појавата на заболувањето е резултат на невакцинирањето на дечињата. Најдобра превентивна заштитна мерка е вакцината. Станува збор за капкова инфекција која се пренесува преку кивање, кашлање. Првата фаза од болеста се карактеризира со кивање, кашлање, солзење очи, течење нос, следува втора фаза на непрестајно кашлање  и трета фаза е  заздравување, појаснува Стефановска.

Инкубацијата е една до две недели од инфекцијата, некаде по десетина дена, две недели пациентот не е заразен, објаснуваат лекарите. Најмногу страдаат најмалите. Таа повика децата на време да се вакцинираат. Кај повозрасните клиничката слика е поблага.

Куманово лабораторија пертусис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.