Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска-Бежоска: Работиме за пристапување кон СЕПА

0
By Zoran Ivanov on March 24, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 24, 2024 10:47

Посветено работиме за да ја финализираме подготовката на апликацијата за Единствената  област за плаќањa во евра – СЕПА, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за регионалната новинска агенција Сињуз (SeeNews).

Како што соопштија од кабинетот на гувернерката, таа посочи дека нашата земја направи голем исчекор кон членството во СЕПА, со усвојувањето на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, како и 26 подзаконски акти донесени од централната банка и усогласени со ЕУ регулативата.

Преку интеграцијата на земјата во СЕПА, граѓаните и фирмите ќе може да вршат безготовински плаќања во евра кон земјите членки на ЕУ, како и голем број земји кои не се ЕУ членки, преку кредитни трансфери и директни задолжувања, на брз, безбеден и ефикасен начин, како и националните плаќања. Со пристапот кон СЕПА, ќе се намалат трошоците за прекуграничните трансакции, што е особено значајно за дознаките кои ги праќаат нашите граѓани од странство, посочува Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката, се додава, истакнува дека развојот на платните системи, зголемувањето на ефикасноста и намалувањето на трошоците за прекуграничните трансакции, се во рамки на приоритетите на Народната банка, бидејќи тие ќе обезбедат повеќе благодети за домаќинствата, компаниите и ќе влијаат на поттикнување на економскиот раст.

Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА се состои од 36 земји меѓу кои 27 ЕУ држави-членки, три земји од Европската економска област – ЕЕА како и шест земји кои не се членки на ЕЕА, а на кои е проширен географскиот опсег.

На почетокот на годинава шесте земји од Западен Балкан се договорија да ги намалат надоместоците за финансиските трансакции во регионот, усогласувајќи ги регулативите со оние со земјите во СЕПА, се наведува во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.