Меѓународната балканска изложба „Мост“ ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар.
Изложбата е инспирирана од Камени мост на град Скопје и е симбол на поврзување на уметниците од Македонија и од Турција.
Пораката на поставката е дека уметноста ја има моќта да ги поврзе народите, без разлика на нивната национална припадност, религија и култура.
Учествуваат 20 уметници со исто толку дела, работени во повеќе сликарски и графички техники.
Од македонските уметници учествуваат Тања Балаќ, Ибрахим Беди, Фехим Хусковиќ, Кристина Битракова, Наташа Милованчев и др., а од турските – Армаган Ѓокчеарслан, Атила Илкјаз, Ѓунеш Аџур, Ѓокче Кечеџи Шеќерогл.