„Епл“ неодамна патентира идеја според која гигантот во технологијата предвидува тастатурата и глувчињата дури и допирот да бидат ирелевантни. Контролата ќе одвива само со движење на делови од телото.
Оваа идеја за прв пат се појави во 2011 година од „ПрајмСенс“, компанија која „Епл“ ја купи во 2013 година. А некои видео игри веќе ја имаат имплементирано.
Еве како „Епл“ го објаснува системот на работа во најновата патентирана идеја: Со седење пред компјутерски екран, ќе се овозможи автоматски фокус во гестовите кои пак ќе влијаат на тоа уредот „да биде послушен“. При самата работа, уредот ќе може да ги следи движењата на индивидуалецот. Работата со уредот ќе хибернира доколку подолго време уредот е неактивен.
Со други зборови, со гестикулација, на компјутерот ќе може да му укажете кога да работи а кога не.
Нешто слично на оваа идеја, може да се види во филмот „Minority Report“ со Том Круз.