Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОПМ контра Стопанската комора: Треба да има листа со ограничени маржи

0
By Zoran Ivanov on March 30, 2024 ВЕСТИ
Empty aisle at a supermarket - grocery shopping concepts
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 30, 2024 21:21

Организацијата на потрошувачи сои се спротивен на Стопанската комора. Листа на производи со ограничени маржи треба да има и таа треба да опфати голем број производи.

Организацијата на потрошувачи на Македонија вели дека таква листа треба да има и оти 2500 производи не се многу. Ако сметаат дека некој производ не треба да биде на листата, треба тоа сериозно да го образложат. Искуството покажа дека пазарот бавно ги регулира цените.

Не може баш така лесно да се регулираат цените со самиот пазар, затоа што и пазарот е сè уште рестриктивен. Гледаме дека цените се зголемуваат, се билдаат со други трошоци и поради тоа е ова. Поради ограничување и заштита и на самите производители, но најмногу заштита на потрошувачите, како крајни купувачи на одреден производ, вели Маријана Лончар Велкова од Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески изјави дека таква листа не треба да има и цените да се регулираат преку пазарни механизми.

Собранието пред околу две недели го изгласа Законот за нефер трговски практики со кој меѓу другото им се забранува на трговците да им наплаќаат на добавувачите за внесување нов производ на пазарот, за преуредување на продавниците или за отворање нови, да ги условуваат со компензација или да им забранат да им продаваат земјоделски и прехранбени производи на други продавачи по пониска цена. Власта смета дека ова ќе доведе до намалување на цените на храната.

Законот предвидува, Министерството за економија да објави листа на производи со ограничена маржа од десет отсто.

На почетокот на месецов заврши владината мерка за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, по што следеше поскапување.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека инфлацијата во изминатата година се стабилизира на околу 3 отсто, но претходно, за две години храната поскапе за скоро четириесет отсто.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.