НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Набавката на хеликоптери е чиста и транспарентна, ја поздравувам проактивноста на Антикорупциската комисија

0
By Marta Pesevska on March 31, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
Славјанка Петровска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Колку што јас разбрав, иако до овој момент од денот кога беше објавено од страна на Антикорупциската комисија дека отвораат случај за набавката на хеликоптерите до денес, во Министерството за одбрана не е пристигнато барање од стана на Државната комисија за спречување на корупција со кој побаруваат од нас дали било некои документи или материјали итн, изјаснувања по таа претставка. Чинам разбрав од јавноста дека станува збор за анонимна претставка која е испратена до нив, но нејсе. Јас веднаш ја поздравив нивната проактивна улога и нивниот интерес да го испитаат како што велат тие овој случај, иако за мене нема случај затоа што набавката е чиста и е транспарентна. Во поглед на законските прописи апсолутно е внимавано и нема колизија со ниту еден закон, вклучително и изборнот законик, затоа што ова е набавка која што е планирана и во Годишниот план за набавки, планирана е претходно и во Долгорочниот план за развој во одбранбените способности, ништо не е менувано преку ноќ во поглед на оперативните побарувања, потребите итн. Напротив, она што е декларирано како потреба од страна на Армијата, соодветниот интегриран проектен тим, таа задача, таа мисија е завршена и завршува со потпишувањето на договорот со компанијата која што е избрана,“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата Трилинг на ТВ 24.

Во однос на тоа дали опозицијата била запознаена со набавка на хеликопетри, Петровска потврди.

„На Комисијата за одбрана и безбедност, бидејќи согласно со процедурите откако Владата ќе усвои договор Влада со Влада и формација за потребата за склучување на ваков договор, пред договорот да биде склучен Министерството за одбрана испраќа инфомација до Комисијата за одбрана и безбедност, се свикува седница на која што јас присуствував, имаше и претставници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои јасно и тоа се гледа во записите од таа седница кажаа дека со ништо нема да го попречат овој проект, меѓутоа изразија определени прашања кои подоцна на истата таа седница од страна на членовите на Комисијата за набавки која е составена од стручни лица од Армијата беше презентиран целиот концепт, беше направена презентација на тоа што ние набавуваме, што впрочем беше направено и ден претходно на брифингот со новинари кои го имавме, така што јас тука не гледам елементи за тајност или нетранспарентност, напротив сметам дека целата постапка беше спроведена и транспарентно и јавно, но секако тоа не значи дека Државната комисија за спречување на корупција нема право, напротив имаат законска надлежност имаат и обврска и Министерството за одбрана како што реков стои на располагање да им одговори на сите нивни дополнителни прашања или барања кои ќе бидат доставени до нас,“ посочи Петровска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.