НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Социјалистите во албанскиот парламент со барање за формирање Специјална комисија што ќе ги „чешла“ руските рубљи во медиумите и организации

0
By Marija Todorovska on April 2, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничката група на Социјалистичката Партија во Албанија,  се обрати до Собранието со барање за формирање на Посебна комисија за дезинформации.

Преку документот СП бара формирање на Специјална комисија на Собранието на Албанија која ќе ги координира и надгледува сите институционални активности за борба против дезинформациите и другите форми на странско мешање во демократските процеси во земјата. Документот го потпишаа пратениците Бледар Чучи, Мими Кодхели, Клотилда Бушка, Тони Гогу, Дамијан Ѓикнури, Клевис Џоџи и Петро Кочи. Пратениците од социјалистите бараат Специјалната комисија да биде составена од 13 членови кои пропорционално ги претставуваат сите пратенички групи и да ја предводи претставникот на парламентарното мнозинство.

Членовите на Комисијата се определуваат со одлука на Собранието. Мандатот на работа на Специјалната комисија е една година од денот на донесувањето на одлуката на Собранието за нејзино формирање. Собранието може да одлучи за одложување на рокот на Комисијата според одредбите во Правилникот на Собранието.

Руско мешање во демократските процеси во ЕУ – основа за барањето на СП

Врз основа на членовите 77 и 78 од Уставот и членовите 24 и 55 од Деловникот на Собранието, поддржувајќи ја Декларацијата од Самитот од 28 февруари 2024 година „Украина Југоисточна Европа“, а особено точката 11 од Декларацијата, за поддршка на Резолуцијата 2024/2548 на Европскиот парламент од 8 февруари 2024 година „За обвинувањата за руско мешање во демократските процеси на Европската унија“, во согласност со одлуката на Европскиот парламент од 18 јуни 2020 година „За основањето на специјален комитет за странско мешање во сите демократски процеси во Европската Унија, вклучително и дезинформации.

Барањето е  во целосна согласност со барањата од членовите 8, 9, 10, 13, 16 и 17 од Европската конвенција за човекови права, и Протоколот кон Конвенцијата, особено , член 3, имајќи предвид дека дезинформациите и облиците на други форми на странско мешање во демократските процеси претставуваат закана за демократските принципи и вредности, врз основа на кои Република Албанија дејствува и брани, особено посветеноста на Албанија кон Северноатлантскиот договор и Европската Унија.

Во барањето е нагласено почитувањето и проценката на  важноста на договорот меѓу САД и албанската влада „За одговор против манипулација со информации од странски земји“ од 15 октомври 2024 година, оценувајќи го и земајќи го предвид писмото бр. 4048 прот., од 18.03.2024 година, на министерот за Европа и надворешни работи, г. Игли Хасани, и по совет и под покровителство на претседателката на Собраниет. Линдита Никола, вреднувајќи ја како прашање од особено значење борбата против облиците на нелегално странско мешање во демократските процеси во земјата, вклучително и дезинформации.

Главни точки на барањето

Пратеничката група на Социјалистичката партија на Албанија во своето барање детално ја образложува потребата од Специјалната комисија за борба против дезинформации и други форми на странска вмешателност во демократските процеси во земјата.

Формирање на Специјална комисија на Собранието на Албанија за координација и надзор на сите институционални активности за борба против дезинформациите и другите форми на странско мешање во демократските процеси во земјата.

Специјалната комисија, преку сеопфатен и долгорочен пристап, треба да промовира идентификација на странско мешање во демократските процеси преку низа форми, вклучително и кампањи за дезинформација преку традиционалните и социјалните медиуми за обликување на јавното мислење, директна финансиска поддршка и индиректно, како и злонамерното економско влијание на јавните актери и поткопувањето на активноста на граѓанското општество.

Специјалната комисија мора да направи целосна анализа на сите фактори и појави за да оцени дали се почитувани законските обврски кои се во сила, во однос на транспарентноста во демократските процеси, особено на транспарентноста на финансирањето во изборните кампањи, како и на транспарентноста на финансирањето на сите актери и платформи кои обезбедуваат услуги во секторот за јавно информирање или други слични активности.

Врз основа на наодите од оваа анализа, Специјалната комисија мора да идентификува административни мерки и можни интервенции преку измена или дополнување на важечката законска регулатива за решавање на идентификуваните проблеми, особено во однос на зголемување на одговорноста на платформите и социјалните медиуми, за класифицирање на содржината на вестите/информациите кои се дистрибуираат од роботи, се наведува понатаму во барањето.

Преглед на  алгоритмите со цел да се направат што е можно потранспарентни факторите на кои тие се засноваат за прикажување, одредување приоритет, споделување или отстранување на содржината на вестите/информациите, како и без нарушување на слободата на изразување, да се затворат сметките на лица/субјекти кои се впуштаат во координирано неавтентично онлајн однесување или незаконски активности насочени кон систематско поткопување на демократските процеси или поттикнување говор на омраза.

Специјалната комисија треба да организира расправи со претставници на традиционалните медиуми, бизнис секторот и претставници на граѓанското општество.

Понатаму, во барањето се посочува дека Специјалната комисија треба да ги оцени и законските мерки за силни ограничувања на изворите на финансирање, имајќи предвид дека странските актери најдоа легални и незаконски начини да ги заобиколат законските обврски и им дадоа тајна поддршка на своите сојузници. купопродажни и трговски договори, преку школки, преку непрофитни организации, преку донатори на граѓанското движење.

Сите државни органи, јавни органи и независни институции имаат обврска да соработуваат со Посебната комисија и без одлагање да и стават на располагање каква било документација или информација што ќе ја бара Комисијата за извршување на нејзините должности и функции. Собранието треба да преземе мерки за создавање услови за работа и логистичка и кадровска поддршка за активноста на Специјалната комисија.

Подготви: Дијана Тахири / Цивил Медиа

Албански парламент специјална комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.