Сан Хозе: Платформата за социјални медиуми „X“ на Илон Маск назначи нови менаџери за платформата да биде побезбедна за корисниците и попривлечна за огласувачите, јави ДПА.
Говорот на омраза е и деловен проблем за „X“. Услугата зависи од приходите од реклами, а компаниите не сакаат нивните брендови да се појавуваат покрај објавите со поттикнувања на насилство или антисемитски слогани.