НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ПорталХ: Во Оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ задолженија добиле и министерот Велковски, претседателот на ДИК, Даштевски и директорот на МРТВ Цветковски

0
By Marija Todorovska on April 4, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истражувачкиот новинар Фуркан Салиу и неговиот портал ПорталХ објавија нови содржини од Оперативниот план за активностите на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските и парламентарните избори.

Овој пат Салиу се повикува на официјален записник од одржана седница на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ. 

Читајќи точка по точка од тој записник, Салиу открива како течела подготовката за формирање на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ и неговите идни активности.

„Втората точка од тој состанок ‘Подготовка за претстојните избори’, на која претседателот на партијата го информираше ИК на ВМРО-ДПМНЕ дека согласно Статутот на партијата за време на одржување на изборите потребно е да се формира Републички изборен шатб, а имајќи ја предвид сериозноста на претстојните избори ја презема одговорноста на себе да биде шеф на Републичкиот изборен штаб, а за негов заменик го предлага генералниот секретар Ѓорѓија Сајковски и отвори доскусија по предлогот“, цитираше Салиу дел од записникот.

Во овој втор дел од објавувањето детали од Оперативниот план за изборите на ВМРО-ДПМНЕ во кој има и точки за организирање „штелувани“ анкети и лажни вести, Фуркан Салиу од ПорталХ открива дека во подготовката на изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ се вклучени „луѓе од кабинетот на Орбан“ кои сугерирале дека претседателската и кампањата за парламентарни избори мора да се водат раздвоено.

Освен злоупотребата на јавниот сетрвис МРТ за пласирање на лажните анкети, Салиу во новата објава истакнува дека во Оперативниот план има сериозни индиции кои треба да бидат од интерес на Јавното обвинителство.

Тој укажува на активности од Оперативниот план според кои се утврдени луѓе на високи позиции кои добиле задолженија да обезбедат увид и податоци од Избирачкиот список (Марина Димовска и Претседателот на ДИК Даштевски), за лица изнемоштени и болни кои ќе гласаат од дома (Игор Велковски и Ѓоко Велковски, техничкиот министер за труд и социјална политика) и за вработени во администрацијата (Невена Стаменковска, некогашната Заменската министерка во Министерството за информатичко општество и администрација).

ВМРО-ДПМНЕ негираше по објавата на скандалот – Документите на СДСM се целосно измислени, следи тужба за клевета.

По објавата на СДСМ дека „лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ“, пристигна експресна реакција од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што го негираат постоењето на такви документи, прво објавени во ПорталХ, а потоа „дополнети од СДСМ“, како што се вели во соопштението на партијата.

„Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу и потоа прераскажани од СДС(М)“, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Образложението на ВМРО-ДПМНЕ е дека „потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните“.

https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=1027380958880876

ВМРО-ДПМНЕ ПорталX Фуркан Салиу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.