НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се тече, но ништо не се менува

0
By Нова ТВ on January 22, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Јуриј Олексијович Гончарук, Амбасадор на Украина во Македонија

На 22 јануари Украина го одбележува Денот на соборноста.

Пред 96 години, на 22.јануари 1919 година на киевскиот Софиивски плоштад беше свечено прогласен Актот на обединување меѓу Украинската Народна Република и Западноукраинската Народна Република.

Овие републики настанаа како и низа други европски држави, како резултат на распадот на двете империи – Руската и Австро-Унгарската соодветно во 1917 год. и 1918 год.

На Софиивскиот плоштад се случи политичко и правно обединувње на украинските земји.
Државното обединување не се случи. Беше војна. На Запад ЗУНР се спротиставуваше на Полска. На Исток на Киев настапуваше војската на болшевичката Русија.

Тогаш за прв пат беше применета шемата која денес се користи од путинската Русија. Самите судете.

На 17.ноември 1918 год. во Москва беше создадена Времена Работничко-Селанска Влада на Украина, која очигледно немала доволно воена сила за да ја зацврсти својата власт во Украина.

Таа влада беше потребна за тоа да политички се прикрие воената агресија на Русија против Украина, па инвазијата се вршеше во основа од регуларните единици на руската Црвена армија без објавување на војна.

Раководството на УНР неколку пати се обраќаше до московскта советска влада со протесни ноти (31.12.1918 год., 3, 4 и 9.1.1919 год.).

На 5.јанури 1919 год. од Москва конечно дојде нота од Народниот комесар за надворешни работи на РСФРР, Г.Ч ичерин.

Во неа се тврдеше дека војски на РСФРР во Украина нема, туку против УНР војува армија на „украинската советска влада која е сосема независна“ (таква никогаш не беше, повеќе од тоа, во нејзинот состав токму Украинците беа малцинство – 6 од 21).

Целта на инвазијата беше иста како и денес, да се загуби независната Украина или да се направи таа независност лажна.

Без Украина и нејзините сировини и човечки ресурси не требаше ниту да се сонува за светската револуција (која и не се случи), а и за опстанокот на советската власт како таква.
Познатиот антички филозоф Хераклит од Ефес – основач на основната дијалектика, своевремено рече дека „се тече, се се менува“.

За жал, украинско-руските односи го побиват тоа.

Настаните од 96-годишната антика се повторуваат: постојат марионетски „влади“ на „ДНР“ и на „ЛНР“, нивни вооружени формации, повторено се водат борбени дејствија со активна поддршка и учество на Русија, која категорички ја негира својата инволвираност во настаните во Донбас.

И воопшто таа прави напори за мирно решавање, а неа неосновано ја обвинуваат за агресија на Украина.

Така, се тече, се се повторува, а значи не се менува.

Претседателот на Украина П. Порошенко, настапувајќи на Светскиот економски форум во Давос, истакна дека според податоците на украинските разузнавачки служби на територијата на Украина се наоѓаат 9 илјади руски војници, 500 тенкови, тешка артилерија и оклопни транспортери.

„Ако тоа не е агресија, тогаш што е агресија?“, праша претседателот.

Според податоците на руската правозаштитна организација „Карго-200“ во Донбас загинаа повеќе од 6 илјади граѓани на Русија, од кои поголем број е воен персонал.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.