НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховниот суд му „пресуди” на Бериша, останува во домашен притвор

0
By Marija Todorovska on April 9, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врховниот суд „не го спаси“ поранешниот премиер на Албанија Сали Бериша, кој со отфрлање на  неговата жалба, потврди дека останува во сила мерката „куќен притвор“.

– Врховниот суд  денеска одлучи да ја потврди одлуката на Специјалниот Апелациски суд за корупција и организиран криминал од 25 јануари. Бериша досега не ги доби битките со правдата, бидејќи секое негово барање беше одбиено од Специјалниот суд или од Специјалната Апелација, јавија медиумите.

Вчера и Специјалниот суд против организиран криминал и корупција (ЃККО) го отфрли барањето на Бериша и неговиот зет Џамарбер Малтези за укинување на мерката куќен притвор.

Неговиот адвокат Генц Ѓокутај и денеска обвини дека „правосудните органи  дејствуваат по наредба на премиерот Еди Рама” и оти целта е да му згасне пратеничкиот  мандат на Бериша.

По барање на Специјалното обвинителство на Бериша му беше одземен пратеничкиот имунитетот, а мандатот го губи доколку во период од шест месеци не присуствува на ниту една седница во законодавниот дом, рок кој изминува на 30 јуни.

Тој нема право да излегува од домот, но секоја вечер од прозорец се обраќа пред група приврзаници и симпатизери.

Бериша е осомничен за вмешаност во корупција при приватизација на спортскиот комплекс „Партизан” во центарот на Тирана, во време кога беше премиер.

Во 2008 година дозволил простор од околу 10 илјади квадратни метри да ги приватизира неговиот зет за ќерка, Малтези за само 100 илјади долари, по што изградил повеќекатници и профитирал над 5 милиони евра.

Малтези беше уапсен на 21 октомври, на аеродромот во Тирана, при обид да ја напушти земјата. Тој беше во затворски притвор, а потоа мерката му беше преиначена во домашен притвор.

Бериша куќен притвор Суд Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.