Скопје: Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска промовираше Водич за превенција и справување на насилството во училиштата.
Ако учениците не го препознаваат насилството и не реагираат на него, тоа ќе се повторува и ќе има се повеќе деца жртви на насилство. Водичот за превенција е уште една алатка, добра алатка што ја препорачувам и до Бирото за развој на образование, МОН, за да биде што е можно подостапен до сите. Целта е да се препознава насилството, да не се поддржува, да се реагира соодветно и да не се се биде соучесник, нагласи претседателот и основач на „Меѓаши“ Драги Змијанац.