НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Акустичен концерт на „Ареа“ во Филхармонија на 19 и 20 април

0
By Marija Todorovska on April 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Акустичен концерт ќе одржи рок-групата „Ареа“ на 19 и 20 април во Филхармонија во Скопје. Членовите на групата најавуваат акустична музичка магија, каде што ќе се слушнат сите хитови направени во текот на нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала.

Ружица Милошеска Брчиоска, пејачка во бендот, на денешната прес-конференција во Скопје по повод најавениот концерт, посочи дека ќе се претстават на начин многу поразличен од оној што и е познат на публиката, со оглед на тоа што поретко настапуваат акустично.

-„Ареа“ најчесто настапува во живо, електрично. Тука сме ексклузивни и ја даваме сета наша енергија на музиката која што ја создаваме, поретко настапуваме и акустично. Во 2010 година имавме концерт во Универзална сала, а сме имале и други помали акустични концерти во помали сали, рече Милошеска Брчиоска.

Таа напомена дека на концертот, со членовите на „Ареа“,  акустично ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија.

-Со нас ќе настапат уште четири девојки кои се членки на Филхармонија – две на виолина и две на виолончело. Така ќе се претставиме со сосема нов аранжман на музика, кој што се разликува од оние кои ги слушала публика на нашите концерти во живо, додаде Милошеска Брчиоска.

Таа најави дека публиката ќе има можност да слушне песни од секаков тип – побрзи и пожестоки, но и посмирени.

-„Ареа“ има седум албуми. Ние егзистираме 31 година. На овој концерт нема да има песни од првиот албум, но вклучени се песните од новиот албум кој го издадовме минатата година, посочи Милошеска Брчиоска.

Говорејќи за концертот во 2010 година во Универзалната сала, Милошеска Брчиоска рече оти се надева дека оваа сала повторно ќе никне како феникс од пепелта.

– За Универзалната сала не поврзуваат многу убави спомени. Навистина ми беше жал кога ги видов сликите од пожарот. Таму сме имале наши самостојни концерти, електрични, акустични.. сме биле гости на разни манифестации, на групни концерти. Сега како да изгоре душата на Скопје. Се надевам дека повторно ќе никне нова Универзална сала, како феникс од пепелта, затоа што на Скопје му е потребна концертна сала која што има добра акустика како што имаше Универзалната сала, рече Милошеска Брчиоска.

Ивица Брчиоски, гитарист на групата „Ареа“ рече дека концертот ќе биде интересен затоа што аранжманите се комплетно изменети и се адаптирани на оркестарот со кој ќе свират.

– Станува збор за акустични аранжмани. Нема да има електрични гитари и ќе звучи сосема различно од она што до сега го слушнала публиката. Ќе биде интересно за слушање, додаде Брчиоски.

Првиот концерт што е закажан за 19 април е веќе распродаден. Билетите може да се набават преку продажната мрежа на „MKTickets“.

Концертот е во организација на „Фреш јунион“.

ареа концерт филхрамонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.