Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БРОДОЛОМЦИТЕ НА СРПСКАТА ПОЛИТИКА, ВУЛИН И ДАЧИЌ: Алхемичари на негативната географија

0
By Zoran Ivanov on April 22, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 22, 2024 10:35

Пред четири децении Бајага го промовираше својот албум „Позитивна географија“ во Скопје. Многу матни води протекоа од тогаш до денес. Има ли шанси еден таков вечен оптимист да дојде одново кај нас и тој албум да го обнови?

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Пред 40 години во Скопје беше промовиран албумот на Момчило Бајага и неговите Инструктори под име „Позитивна географија“. Беше тоа време кога генерацијата на младите луѓе од тогашна Југославија преку својата музика, која не се движеше до границите на републиките, идните држави, туку обратно, се обидуваше да го спечи распадот на федерацијата. Јас барем така го чувствував тоа, може да се рече, музикално дружење, кое одеше контра „старците“ кои сееја националистички кавги по разни пленуми. Тие музички пораки може да се преведат и со зборовите: Не ни е грижа што овие говорат од разните говорници низ микрофоните на омразата, музичарите и нивната публика имаат свои вредности што ја даваат внатрешната кохезија на таа (сега некогашна) држава.

Деновиве Бајага се сеќава, слушнав на некој ТВ медиум, дека на промоцијата на албумот во Скопје, град избран за генерално деби на албумот, некоја девојка го прашала кога ќе има „негативна географија“ а тој одговорил дека засега нема напишано ниту една таква песна.

Во овие актуелни времиња, по толку изминати децении мораме да заклучиме дека оние што беа до пленумските говорници сепак беа посилни. (Како приврзаник на првородениот рок, оној што предизвика револуција на сите полиња, јас не ја сакав таа музика од 80-тите, ја гледав со скепса, а веќе бев и новинар, па не можев да си дозволам таков идеализам).

Вулин и Дачиќ против културата на сеќавањето

Проблемот со некои од оние политичари кои ја победија оската генерациски содржана во српско-хрватската радио емисија „Зелен мегахерц“ не е само во тоа што нивното сеење на омразата даде плод и одзеде повеќе стоици илјади животи, направи преселби на милиони луѓе од своите огништа, туку во тоа што протагонистите на тие крвави години покажуваат дека се борци против културата на сеќавањето. Практично се против резултатите на помирувањето што настана со силен меѓународен притисок, а што се ревидира како недвосмислен обид да се вратат во времето на пресните гробови на Балканот.

МАСОВЕН УБИЕЦ Генералот Ратко Младиќ низа децении ја градеше војничката кариера во Скопје и тој е секако клучниот актер на геноцидот

Пресвртот што во геополитичките води го прават и деновиве, барем во еден параден манир, српските политичари Вулин и Дачиќ, заедно со Додик од Бања Лука, оди и против сето она што постѓинѓичевата Србија во првата деценија од овој век го направи во обидот да се устрои со светското јавно мислење во однос на војните во времето на Милошевиќ.

Сè до 2010 година, кога самиот српски Парламент усвои Резолуција за Сребреница, со убедливо мнозинство, па се чинеше дека, иако задоцнето, нашиот сосед ќе успее да го фати европскиот воз навреме.

Се сеќаваме како тогашниот претседател Тадиќ, потсмешливо велеше дека, иако (во 2005 година) бевме првенци во евроинтеграциите на Западен Балкан, само ќе и им го гледаме грбот во тој процес на Србите. Што се случува денес? Па Србија просто е закочена на таа пруга за Брисел, стои на шините среде некои предели на кои не се гледа следната станица. И тоа со години. Ова се должи само на еден фактор – што иако не гласаше за споменатата Резолуција, Српската напредна партија, тогаш основана, не гласаше ниту против, ама сепак се наметна како ревизор на историјата.

Во таа атмосфера на враќање на минатото, посебно диригирани од  хорот со двајца солисти како Вулин и Дачиќ доаѓа и навредувањето на Македонија, навистина не само кон неа, туку сега и кон Грција, „стариот сојузник“ на Белград. Потоа, има жестоки напади и кон традиционалната „боксерска вреќа“ – Црна Гора, а за муслиманите во БиХ и да не говориме.

Обиди за бришење на снимките со двата подигнати прсти  

Дали Милорад Додик е истиот човек кој го осуди геноцидот во Сребреница во 2007 година? Дали Дачиќ ги брише старите снимки од усвојувањето на Резолуцијата за Сребреница од 2010 година, кога неговата партија била предводник на тезата дека убиствата во овој град од страна на кохортите на командантот Младиќ е геноцид? Ова јасно е врзано сега за подигнувањето на прашањето на носење на Резолуција во ОН со што денот на маскарот во Сребреница станува ден кога секоја година на 11 јуни ќе се оддава почит на жртвите од тој ден. Што според Дачиќ, но и оние малкумина над него и многумина политичари под него, во хиерархијата на моќта, мора да се одбегне.

Или кога од споменатите се кажува дека никој на Балканот не смее да дозволува влез на Косово во Советот на Европа, го прави тоа во обид за амнезија на јавното мислење дека тоа е обврска на што Србија го зела на себе со Охридскиот договор: дека нема да спречува прием на Косово во меѓународни институции! Па дури и покрај тоа што во 2013 година токму Дачиќ како премиер потпиша многу сличен договор со Приштина во Брисел?! Сè се сведува на она – ние ќе потпишуваме што мораме, ама вие ќе го правите она што ние ќе ви дозволиме!

Изјавите на највисоките претставници на власта во Белград дека приоритет за Србија е да се бори на два фронта, се најдобриот начин да се оттргне вниманието од внатрешните проблеми, изјави директорот на Центарот за регионализам, Александар Попов за независната ТВ мрежа Н1. „Изгледа дека се заборава дека оваа група (на власт) е одговорна за многу работи што сега треба да ги ‘лижеме’“, смета тој.

Попов потсети дека во Декларацијата за Сребреница, која беше усвоена во српскиот парламент во 2010 година, „на акробатски начин“ беше кажано дека имало геноцид. „Веќе имаме Резолуција усвоена од локалниот парламент. Додик го осуди геноцидот во Сребреница уште во 2007 година. Дали тоа е истиот човек?“ – се прашува Попов. (снимка од тој негов говор може да се види во епизодата од шоуто на „24 минути“ на Кесиќ, објавена на 9 април.

„Наместо да се фокусираат на РС … сега го распаруваат ракавот на џемперот а не мислат дека можат да останат и без џемпер!“ – вели споменатиот Попов.

Теза за српскиот свет, за тоа дека распадот на Југославија не е завршен, тоа се рефрени од 80-ти и 90-ти кои доведоа еднаш до крвава војна. „Нема да не нарекувате геноцидни и јас секогаш ќе одговарам на тие обвинувања“, рече Додик на прес-конференцијата, како што објави српската Н1. Тој додаде дека Србите не можат да живеат заедно со оние кои ги нарекуваат геноцидни луѓе.

И одново, дали е можно да се фрла чадна бомба на нешто што веќе не е само комплетно документирано во светот во врска со Сребреница, туку и прифатено од легитимни српски институции? Линк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.