Сараево: Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција. Уапсени се повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници поврзани со наркокартели.
Обвинителството на БиХ соопштува дека апсења и претреси се вршат на лкации во Сараево, Зеница и Мостар.
Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.
Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.